Црква Свети Апостоли (Атина)
Црквата на Светите Апостоли (грчки: Άγιοι Απόστολοι Σολάκη) е црква која се наоѓа во Атина, Грција. Црквата на некои места е познта и како Светите апостоли на Солакис а името се смета дека е семејството кое донирало за изградба на црквата. Црквата била изградена во текот на 10 век. Црквата е една од малкуте културни наследства на Агора во Атина, која се задржала до денес, заедно со Храмот на Хефест, главно поради постојаните пожари во реонот.
Црква на Светите Апостоли Άγιοι Απόστολοι Σολάκη | |
---|---|
Основни податоци | |
Место | Атина, Грција |
Духовно-организациски статус | црква |
Нејзината византиска архитектура го означува почетокот на т.н. “атински тип“ на градба. Првата црква била изградена во 2 век, а во периодот од 1954-1957 година била реконструирана.[1] Една од фреските кои датираат од 17 век е онаа на Свети Спиридон, која денеска се чува во храмот.[2]
Наводи
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2005-08-25. Посетено на 2010-01-30.
- ↑ „Церковь Святых Апостолов Солакиса“. Архивирано од изворникот на 2005-08-25. Посетено на 2010-01-30.
Оваа статија за црква или сличен христијански објект е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Надворешни врски
уреди„Црквата посветена на Светите Апостоли“ на Ризницата ? |