Малтешка црква (Виена)

(Пренасочено од Црква Малтесеркирк)

Малтешката црква (германски : Malteserkirche), односно црква Св. Јован Крстител (гер.: Kirche des Heiligen Johannes des Täufers) е црква која се наоѓа во Виена, Австрија. Црквата е основана од страна на витешкиот ред болничари. Првата црква била изградена во 1217 година, а денешната во 15 век. Во 1806 година истата била реновирана. Во време на првата светска војна била оштетена а по војните била повторно реновирана.

Малтешка црква
Malteserkirche
Основни податоци
МестоВиена, Австрија