Црвени алги
Црвените алги (латински: Rhodophyta) се, во најголема мерка, морски жители. Тоа се еукариотски протисти. Бојата на нивниот талус се должи на црвениот пигмент фикоеритрин, кој преовладува над хлорофилот (оттука и името) и им овозможува да вршат фотосинтеза и на поголема длабочина.
Постојат многуклеточни црвени алги со разни форми и големини, од обични кончести до такви кај кои талусот е диференциран на ризоид, каулоид и филоид (кои кај некои видови личат на корен, стебло и лист).
Црвените алги се размножуваат бесполово со спори и полово со оогамија.
Човекот користи некои виодви од црвените алги во неговата исхрана, како на пример црвената алга порфира (Porphyra). Оваа алга јапонците ја одгледуваат во подводни градини.