Црвена (река)

река во Населичко, Егејска Македонија

Црвена[1] (грчки: Τσερβένα) — река во Населичко, Егејска Македонија, лева притока на Бистрица.[2]

Црвена
Τσερβένα
Местоположба
ЗемјиГрција
КрајНаселичко, Егејска Македонија
Физички особености
Извор 
 • местоЦрвена Гора
 • координати40°12′29″N 21°38′45″E / 40.2080° СГШ; 21.6458° ИГД / 40.2080; 21.6458
Устие 
 • место
Бистрица
 • координати
40°12′48″N 21°31′43″E / 40.2134° СГШ; 21.5285° ИГД / 40.2134; 21.5285
Особености на сливот
Црвена (река) во рамките на Горуша (општина)
извор
утока

Реката извира на планината Црвена Гора северозападно од врвот Буртани (Нераида, 1.621 м). Има исто име како планината. Тече на север, по што свртува на северозапад во високопланинска котлина. Излегува од планината јужно од врвот Цуцуљанос (893 м), свртува на запад и ја прима левата притока Кангелија, а потоа десната Сачишка Река. Тука го носи името Алки. По десетина километри свртува на југозапад, ја прима левата притока Транос Лакос и под името Кондолакија се влева во Бистрица јужно од мостот Јаковос, 4 км југозападно од Сачишта.[2]

Често за главна река се смета Сачишка, а Црвена за нејзина притока.

Наводи

уреди
  1. Grevená GSGS (Series); 4439. 1st ed. Lambert conical orthomorphic spheroid Bessel proj. Prime meridians: Greenwich and Athens. "Reproduced from M.D.R. London: War Office. 1944. Text "610/10395." In collections: Greece 1:100k Topographic Maps. Digital Archive McMaster University " ignored (help)
  2. 2,0 2,1 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“