Црвена-Лгота
Црвена-Лгота (чешки: Červená Lhota) е средновековен замок сместен во Јужна Чешка, на околу 20 километри од градот Јиндрихув Храдец и околу 100 километри југоисточно од Прага.
Историја
уредиЗамокот бил изграден во првата половина на XVI век на местото на готската тврдина, а на почетокот на 20 век бил обновен во неоренесансен стил. Сместен е во средина на езеро на карпест остров, до кој води камен вијадукт. Во близина на замокот има украсни цветни леи со лавиринтни грмушки. Денес, замокот Црвена Лгота е национален споменик на културата и е отворен за посетители.
Светлата боја на замокот не е оригинална - замокот првично бил бел. Потеклото на необичната црвена боја е обвиткано во многу легенди. Една од нив раскажува за убава принцеза која живеела во замокот и се фрлила низ прозорецот. Нејзиното тело не било пронајдено, а само црвената трага од крв укажувала на нејзиниот страшен крај. Неизбришливата трага на крвта било поттик за пребојување на зидовите во црвена боја.
Првото писмено споменување за древната Црвена Лгота е пронајдено во 1465 година. Во 1542-1555 година, готската тврдина била повторно изградена во ренесансен замок. Во пишаните записи, се појавува под името Нова Лгота. Во 1658-1678 година, биле направени измени во раниот барокен стил, а италијански уметници работеле на ентериерот. До 1835 година, кога замокот бил во сопственост на Хенри Едвард Шенбург - Хартенштајн, замокот припаѓал на многу семејства. Помеѓу 1841-1863 година, замокот претрпел реконструкција во романтичен неоготски стил и ентериерот бил променет. Во 1945 година, замокот бил конфискуван со декрети на Бенеш и наредната година служел како центар за деца. Во мај 1947 година, Црвена Лгота го добила вниманието на Националната културна комисија, што го направило замокот достапен за јавноста во 1949 година.
Една интересна легенда е поврзана со овие настани, сосема соодветно на реалноста. Првичната цел на оваа комисија била да одлучи дали замокот е погоден за пансион на Министерството за земјоделство. Но, пред пристигнувањето на властите во Прага, снаодливиот чувар на Црвена Лгота - Антонин Вркош, ја подигнал браната и ја испуштил водата од езерцето. Замокот се појавил пред очите на истакнатите гости опкружен со каллива локва што стигнувала до прозорците на првиот кат. Нормално, министерството ги напуштило своите цели и им го препуштиле замокот Црвена-Лгота на туристите.
Замокот вклучува живописен парк и капела, која е составен дел на замокот.
Во моментов, замокот Црвена Лгота е национален споменик на културата и е под заштита на Националниот институт за наследство во Ческе Будјејовице.
Во филмови
уреди- Црвена-Лгота бил избран во 1975 од советскиот филмски режисер Борис Рицарев за снимањето на неговиот филм од бајките „Принцезата на зрно грашок [1].
- Главната сцена на филмот „Безимен замок“ (унгарски: «A névtelen vár») (1982).
Наводи
уреди- ↑ „Назван самый сказочный замок Чехии“. Новости Чехии (руски). Прага Клуб. Все о Чехии. 11/01/2007. Архивирано од изворникот на 2012-09-20. Посетено на 2020-08-10. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help)
Надворешни врски
уреди- „Замок Црвена-Лгота“ (чешки). Červená Lhota Restaurant. 2004. Архивирано од изворникот на 2009-02-28. Посетено на 2020-08-10. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help) - „Главна страница - Замок Црвена-Лгота“ (руски). Предлошка:Нп4. Архивирано од изворникот на 2020-08-10. Посетено на 2020-08-10. Занемарен непознатиот параметар
|dead-url=
(help)