Цимерот на татко ми (1990)
„Цимерот на татко ми“ (1990 година) е книга за деца од Мајкл Вилхојт. Таа е објавена од „Алисон Букс“ во 1990 година.[1] „Цимерот на татко ми“ е една од првите детски книги која ја дискутира хомосексуалноста. Приказната раскажува за едно момче чиј татко по разводот живее со неговиот животен сопатник. Поради ваквата тематика, „Цимерот на татко ми“ е вклучена како лектира во многу образовни програми и е наградена со книжевната награда „Ламбда“ во 1991 година.[2]
Поради контроверзната тематиката на книгата и нејзината намена како детска книга, постоеја бројни обиди таа да биде отстранета од училиштата и библиотеките.[3]
Наводи
уреди- ↑ Willhoite, Michael (2000). Daddy's roommate. Los Angeles, Calif. : Alyson Wonderland.
- ↑ „3rd Annual Lambda Literary Awards | Lambda Literary“ (англиски). Посетено на 2020-05-27.
- ↑ admin (2013-03-26). „100 most frequently challenged books: 1990–1999“. Advocacy, Legislation & Issues (англиски). Посетено на 2020-05-27.