Циклон во Индија (2010)

Циклонот во Индија се однесува на големата бура која ја погодила Источна Индија на 13 април 2010 година[1] . Бурата траела од 40 минути до 1 час.[1][2] Според последните информации (15 април) во невремето загинале најмалку 126 лица[3]. Најмалку 81 лица загинале во индиската држава Бихар, 43 во Западен Бенгал, и 4 во Асам.[3][4] Два смртни случаи биле пријавени во Бангладеш.[4] Поголемиот број од смртните случаи биле жени и деца, задушени кога нивните домови биле уништени.[2] Според соопштението на локалните власти, циклонот целосно уништил 50.000 куќи од кал и трска во Западен Бенгал и најмалку 10.000 во Бихар.[2][5] Во текот на невремето се урнал ѕид од затворот во дистриктот Арариа, поради што властите морале да преместат најмалку 600 затвореници.

Циклон во Индија (2010)
Местоположба
Дата април 13 2010 (2010-04-13)
Време 11 pm
Место Бихар и Западен Бенгал, Индија
Повредени стотици
Жртви 100+

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Shoumojit Banerjee (April 14, 2010). „69 killed in tropical thunderstorm in Bihar“. The Hindu. Архивирано од изворникот на 2010-04-20. Посетено на April 14, 2010.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Cyclonic storm kills 96“. Hindustan Times. April 14, 2010. Архивирано од изворникот на 2010-04-18. Посетено на April 14, 2010.
  3. 3,0 3,1 „125 dead in storm in West Bengal, Bihar, Assam“. Sify News. April 15, 2010. Посетено на April 15, 2010.
  4. 4,0 4,1 „India storm death toll rises to 114: official“. Sify News. April 14, 2010. Посетено на April 14, 2010.
  5. http://www.sitel.com.mk/dnevnik/svet/najmalku-85-lugje-zaginaa-vo-ciklon-vo-indija-iljadnici-kuki-urnati