Циглана (Гостивар)
Циглана е населба во крајниот југоисточен дел на градот Гостивар, на самите ниски падини на планината Буковиќ. На запад се граничи со населбата Фазанерија, на север со Бањешница, додека на исток и североисток граница птетставува пругата на линијата Гостивар-Кичево и регионалниот пат R 2231. Населбата се состои од два дела - Циглана I и Циглана II. Создадена е во времето на индустријализацијата на Гостивар, поточно со иградбата на големата фабрика за тули - Циглана. Населението е претежно македонско со потекло од Поречието и Железна Река. Во Циглана I има и ромски семејства.
- Манастир Св.Преображение Христово - манастирска црква во изградба во месноста Црн Врв;[1][2]