Центар за меѓууниверзитетска соработка

За центарот уреди

Центарот за меѓууниверзитетска соработка ја развива соработката помеѓу универзитетот „Гоце Делчев“ и универзитетите во Република Македонија и во странство. Центарот за меѓууниверзитетска соработка учествува во подготовката, потпишувањето и реализирањето на договорите за соработка, подготвувањето и реализирањето на програми за размена со други универзитети на наставници, соработници, вработени и студенти, а врши и постојано информирање на единиците на универзитетот за можностите за меѓународна, научна и техничка соработка. Во центарот се подготвуваат обрасци и формулари за успешно аплицирање на институционални меѓународни проекти, а вработените се грижат и за организацијата и престојот на вработените при патување во странство, како и за престојот на странците на универзитетот.[1]

Организација и структура уреди

Целта е воспоставување соработка за развивање и проширување на научните и професионални искуства. Научна и техничка соработка со странски и со национални високообразовни и научни установи. Остварување на други форми на меѓународна соработка. Универзитетот активно учествува во меѓународни проекти од интерес на пошироката меѓународна заедница.[2]

Активности уреди

Науката не познава граници. Универзитетот остварува соработка со многу образовни и научни институции во земјава и во странство. Соработката со универзитетите од странство се реализира во рамките на меѓународните универзитетски асоцијации и мрежи, како и со билатерални договори. Универзитетот „Гоце Делчев“ се стреми за плодна и ефикасна соработка со другите универзитети, така што потпиша договори за меѓусебна соработка.[2]

Надворешни врски уреди

Наводи уреди

  1. „Официјална страница на Центар за меѓууниверзитетска соработка – „За центарот". Архивирано од изворникот на 2013-03-13. Посетено на 2013-03-26.
  2. 2,0 2,1 Официјална страница на Центар за меѓууниверзитетска соработка