Цветан Радославов

Цветан Радославов Хаџиденков (бугарски: Цветан Радославов Хаджиденков; 1863 – 1931) ― бугарски учител и автор на тековната химна на Бугарија, „Мила родино“.

Цветан Радославов во 1912 г.

Роден во Свиштов во 1863 година, дипломирал филозофија во Лајпциг. Во 1885 година, додека бил на пат кон бојното поле за време на Српско-бугарската војна, Радославов ја компонирал песната „Горда Стара Планина“, која била досредена од композиторот Добри Христов во 1905 година и станала државна химна на Бугарија во 1963 година како „Мила родино“. 

Покрај создавањето на бугарската химна, Радославов бил и истакнат научник. Тој беше еден од тројцата Бугари (со д-р Крастјо Крастев и Димитар Алексиев) кои докторирале кај таткото на современата психологија Вилхелм Вунд. Одбивајќи ги поканите да работи како учител во Виена, Лајпциг и Прага, тој се вратил во Бугарија за да работи во Третото машко училиште во Софија, верувајќи дека го помага развојот на современа Бугарија со тоа што ги учи учениците европски и антички јазици, психологија, етика и логика.

Радославов живеел во мал стан на улица „Ангел Канчев“ бр. 3, каде што денес е одбележано со плоча напревена од вајарот Георги Чапканов.

Извори

уреди
  • Овчарова, Мария (1997-08-17). „Мила Родино...“ (бугарски). Сатира. Посетено на 11 јуни 2023.
  • „Биографични бележки — Цветан Радославов“ (бугарски). Словото. Посетено на 11 јуни 2023.

Надворешни врски

уреди