Цајтнот
Во шахот со часовник, играчот е во цајтнот[1][2] (од германски Zeit = време и Not = недостаток, неволја, итност) ако е блиску до следната „временска проверка“, мора да одигра многу потези за кратко време (помалку од пет минути). Ситуациите на цајтнот ги ставаат играчите под притисок и може да доведат до избрзани одлуки и погрешни потези.
Причини
уредиНекои играчи користат многу време за време на отворањето и почетокот на средишницата на партијата на непознати позиции, за да одредат стратешки план и да пресметаат понекогаш сложени тактички аспекти. Владеењето со дозволеното време на игра е значаен аспект на натпреварувачката игра и ова трошење на време во почетокот на играта може да се покаже скапо како што се приближува временската проверка (често на 40-тиот потез) ако позицијата остане сложена.
Играчот во цајтнот се стреми да избегнува усложнувања. Понекогаш играчот ги повторува позициите двапати за да го достигне потребниот број потези до временската проверка, но се избегнува тројно повторување што би резултирало со реми. Некои играчи обележуваат линија на листот за игра за да се осигураат дека се одиграл 40-тиот потез.
Противникот на играчот во цајтнот понекогаш ќе се обиде да ја искористи оваа ситуација за да ја усложни ситуацијата или ќе се стреми да игра брзо.
Со правилата за временска проверка на Фишер и Бронштајн, за кои се потребни електронски шаховски часовници, ефектот на цајтнот се ублажува, ако не и целосно елиминира, со доделување временски кредит за секој одигран потег наместо да се специфицира одреден број на потези што треба да се играат во одреден период.
Правила на игра што се однесуваат на цајтнот
уредиИграчот во цајтнот повеќе не е обврзан да ги бележи своите потези на неговиот лист за игра. Меѓутоа, ако темпото го дозволува тоа и тој излезе од цајтнот (во моментот на паѓање на знамето), тој мора да стигне да ги забележи и со помош, доколку е потребно на листот на неговиот противник.
Сè додека знаменцето не падне, судијата се воздржува од интервенирање, на пример не го бележи бројот на одиграни потези. Затоа, зависи само од играчот да го одреди бројот на навистина одиграни потези додека не падне знаменцето.
Ако двајцата играчи биле во цајтнот во мигот на паѓање на знамето и не ги бележеле потезите, судијата ја прекинува играта и на друга табла ја реконструира играта, тогаш ќе се одредат одиграните потези и нивниот точен број.
Поврзано
уредиНаводи
уредиИзвори
уреди- (англиски) Правила на Меѓународиот шаховски сојуз чл. 8.4, 8.5 и 8.6