Цариградски протести (1890)

Цариградските протести се случиле на 27 јули 1890 година во населбата Кумкапи во Истанбул. Во овие протести биле убиени повеќе лица вклучувајќи и еден полицаец а голем број биле повредени.

Цариградски протести
Датум27 јули 1890
МестоКумкапи, Цариград
НачиниПротести
Страни во судирот
Османлиско Царство османлиски војници

Протестите биле организирани од страна на Ерменската Цариградска патријаршија и Социјалистичката партија за будење на ерменското угнетувано население во Османлиското Царство[1]. Во почетокот демонстрантите упатиле барање до патријархот и Националното собрание по кое патријархот бил принуден да се приклучи кон поворката која се упатила кон палатата Јилдиз.[2]. Демонстрантите главно од Високата порта барале да се исполни членот 61 од Берлинскиот конгрес кој гласел дека Високата Порта се задолжува да воведе реформи за локалното ерменско население и да осигури нивна безбедност од Курдите и Черкезите.

Наводи

уреди
  1. Khan-Azat, op. cit., VI (February 1928), pp. 124–125
  2. „Fighting In Constantinople.; The Armenian Patriarch Mobbed – Soldiers And Rioters Killed“. New York Times. 29 July 1890.