Хусаро е остров во Стокхолмскиот Архипелаг, североисточно од Стокхолм и јужно од Нортеље.

Хусаро
Хусаро во јули 2009
Географија
МестоСтокхолмски Архипелаг, Балтичко Море
Координати59°30′20″N 18°50′50″E / 59.50556° СГШ; 18.84722° ИГД / 59.50556; 18.84722
Површина1,48 км2
Должина2,4 км
Држава
ОкругСтокхолм
ОпштинаЈостерокер
Демографија
Население29 (2013)
Островот Хусаро

Историја

уреди

Островот Хусаро бил, од 15-от век па сè до 1912 година, место каде била сместена пилот станицата – од тука тргнувале т.н. пилот бродчиња кои ги спроведувале големите бродови низ каналите и опасните места на архипелагот. Во 1912 година оваа станица била затворена, а на островот денес постои мал пилот музеј.

Во 1719 година, за време на Големата северна војна, Русите го запалиле местото и голем дел од шумата на островот. Во мај 2006 година изгорела продавницата на островот.[1][2]

Сообраќај

уреди

Има ферибот служба на островот, а патувањето трае околу два и пол часа до центарот на Стокохолм.

Бродска компанија (шведски: Waxholmsbolaget) која е во сопственост на Стокхолмскиот округ го поврзува Хусаро со Стремкајен, а има и туристички бродови (Cinderellabåtarna) кои тргнуваат од центарот (Strandvägen) на Стокхолм.[3]

Наводи

уреди
  1. Metro. „Brand i krog på Husarö“. Metro (шведски). Посетено на 2018-12-13.
  2. „WebCite query result“. www.webcitation.org. Архивирано од изворникот на 2012-10-07. Посетено на 2018-12-13.
  3. „Välkommen till Husarö“. Välkommen till Husarö (шведски). Посетено на 2018-12-13.

Надворешни врски

уреди