Хрономантија
Хрономантија е предвидување на најдоброто време за да се направи нешто, одредување на среќни и несреќни денови. Овој вид на предвидување бил посебно популарен во древна Кина.
Терминот „хрономантија“ потекнува од грчкиот збор chronos (што значи време), и зборот manteia (со значење претскажување). Често се користи во романите со магиска содржина со значење натприродно манипулирање со времето.