Христо Светиев
Христо Христов Светиев — македонски револуционер и општественик, деец на Македонската младинска тајна револуционерна организација во својата младост.
Христо Светиев | ||
Роден | 1906 Битола, Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1985 Скопје, СР Македонија |
Фамилија
уредиХристо Светиев е роден во Битола , јуни 1906 година, непосредно по смртта на неговиот татко Христо Волканов. Бил оженет со Надежда Светиева. Имал две деца. Томислав Светиев и Анета Светиева. Починал и бил погребан во Скопје, јануари 1985 година, но по негова последна желба коските му се пренесени во Битола да почива со својот татко.
Животопис
уредиРоден е в Битола, тогашна Османлиско Царство. Негови браќа се Стефан и Борис Светиеви. Татко му бил големиот просветен деец Христо Волканов. По професија бил хемиски инженер. Бил член на ММТРО.
За време на бугарската окупација на Македонија во 1941 година Светиев бил и градоначалник на Битола. Тој бил и потпретседател на друштвото на резервните офицери[1].
По војната бил предмет на судење од новите југословенски власти. Сакале да прикажат дека бил соработник со окупаторот иако тој бил наместен на таа функција. Инаку, и судијата и обвинителот биле школувани во Софија, но не им сметало да бидат Југословени. Во судницата имало луѓе кои извикувале "смрт за Христо". тој во нив препознал луѓе на кои им помогнал да одат во партизани. На судот му има кажано: Се што направив, направив за Битола и за Македонија. Тој бил осуден на доживотен затвор. Неговата казна подоцна била намалена, а на крајот бил рехабилитиран и бил директор на два македонски гиганти, Југохром Јегуновце и Техногас.
Во Југохром има вработувано свештени лица прогонувани од комунистичкиот режим.
Има еден податок, познат на фамилијата, кој исто така го паметат и постарите Битолчани. Имено, кога германскиот окупатор се повлекувал од Битола, во брзање, сакале да го кренат во воздух магацинот со оружје. Тоа би значело и уништување на поголем дел од градот. Христо, користејки ја својата функција, успеал да ги измоли германците да му дадат фора од 24 часа. Во тие 24 часа, цела Битола, и старо и младо, со корпи и кошници изнесувале динамит надвор од градот. Така Битола е спасена од уништување.
Родословие
уредиАспасија | Тодор Светиев (ок. 1880 - ок. 1946) | Ангелина Топалова (ок. 1886 - ок. 1954) | Христо Волканов | Евлогиј (1878 - 1913) | Сотир Светиев | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Никола Пепељугов | Викторија | Борис (1903 - ок. 1986) | Стефан (1911 - ок. 1946) | Методи (1920-1996) | Христина (р. 1914) | Христо | |||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Лили Лазаревска | Павлина Шкрља | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
уреди„Христо Светиев“ на Ризницата ? |
- ↑ Кочанковски, Јован,Битола и Битолско во Народноослободителната и антифашистичка воjна на Македонија (1941-1945), том 1: 1941-1943, с. 165