Христос во куќата на Марта и Марија (Вермер)
Христос во куќата на Марта и Марија (холандски: Christus bei Maria und Martha ) е слика масло на платно од холандскиот сликар Јоханес Вермер создадена во 1668 година[1].
Творец | Јоханес Вермер |
---|---|
Година | 1655 |
Димензии | 160 см × 142 см |
Место | Национална галерија на Шкотска, Единбург |
Ова дело е едно од ретките слики на Вермер со религиозна тематика. Воедно според композицијата и севкупната ликовна атмосфера, ова дело отстапува од неговите карактеристични ликовни постулати[2].
Опис
уредиТоа е најголемата слика на Вермер и една од ретките со религиозен мотив. Претставен е Христос во посета на домот на двете сестрите Марија и Марта, сцена од Новиот завет. Делото е исто така наречено Христос во домот на Марија и Марта. Во ова дело, Вермер повеќе, сценски се задржува на трите фигури, занемарувајќи ги деталите и севкупната атмосфера на просторот[3].
Стил
уредиСликата е повеќе под влијание на холандскиот барок со елементи на сценско, скоро театрално претставување и илустрација без неговата карактеристична интимна претстава на сопствената поетика.[4].
Техника на сликање
уредиПигментната анализа на оваа слика открила употреба на пигменти од барокниот период како што биле: жолт окер и оловно бело. Вермер не ја насликал наметката Христова со неговиот вообичаен син пигмент на ултрамарин туку со мешавина од индиго и оловно бело. [5].
Библиографија
уреди- Norbert Schneider: Vermeer sämtliche Gemälde. Taschen, Köln 2004. ISBN 3-8228-6377-7
- DuMont: Vermeer. DuMont Literatur- und Kunstverlag, Köln 2003. ISBN 3-8321-7339-0== Надворешни врски ==
- Der Astronom auf der Homepage der Uni Heidelberg
- Der Astronom auf essentialvermeer.com
Надворешни врски
уредиНаводи
уреди- ↑ „Christus im Hause von Martha und Maria. - Jan Vermeer“. Архивирано од изворникот на 2021-07-27. Посетено на 2020-12-01.
- ↑ Vermeer van Delft, Jan: Christus bei Maria und Martha
- ↑ Jan Vermeer, 1654/1655
- ↑ Christus im Hause von Martha und Maria von Jan Vermeer van Delft
- ↑ Das Canvas Rustic Texture