Христијанството во Египет

(Пренасочено од Христијанство во Египет)

Христијанството во Египет е малцинска религија во државата. Египетските Христијаните се воглавно Копти и се од 5% до 20% од вкупното население на државата.[1][2][3][4][5][6][7][8][9][10][11][12] Иако самата држава има мал процент Христијани во однос на Муслиманите, во поглед на апсолутниот број на Христијани Египет е дом на најголемата христијанска заедница во Блискиот Исток и Северна Африка. Христијанството во Египет датира уште од раните почетоци на Римското Царство и Александрија е еден од раните центри на христијанството. Сепак, Христијаните се соочуваат со жестоко прогонство во државата, особено по 2012 година, каде се палеле цркви и се тероризирал народот од страна на исламските милитанти.

Коптска црква Св. Марко во Александрија.

Демографија

уреди

Над 95% од Египетските Христијани се Копти и се членови на Коптската Православна Црква во Александрија.[8][9][13] Коптската црква е најголемо христијанско тело во Блискиот Исток[14] и има од 4 до 8 милиони следбеници во Египет, а во странство дополнителни 3 до 4 милиони. Сепак, тешко е да се каже колкав е бројот на Христијаните бидејќи немало пописи. Општо прифатена бројка е 10% во државата, но бројот е поголем. Според една статија на Коптската црква, од 11 до 13 милиони се Христијани во Египет.

Историја

уреди

Египетските Христијани веруваат дека Александриската патријаршија била основана од Св. Марко во околу 33 година. Но сепак малку се знае за раното Христијанство во Египет. Историчарот Хелмут Келстер тврдел дека Христијаните во Египет биле под влијание на гностицизмот сè до обидите на Димитар Александриски за усогласување на христијанството

До 300 година веќе било јасно дека Александрија е еден од главните христијански центри.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Egypt from "The World Factbook". American Central Intelligence Agency (CIA). September 4, 2008. Архивирано од изворникот на 2018-12-24. Посетено на 2013-11-22.
  2. „The Copts and Their Political Implications in Egypt“. Washington Institute for Near East Policy. October 25, 2005.
  3. IPS News Архивирано на 12 февруари 2012 г. (retrieved 09-27-2008)
  4. [1]. The Washington Post. "Estimates of the size of Egypt's Christian population vary from the low government figures of 6 to 7 million to the 12 million reported by some Christian leaders. The actual numbers May be in the 9 to 9.5 million range, out of an Egyptian population of more than 60 million." Retrieved 10-10-2008
  5. [2]. The New York Times. Retrieved 10-10-2008.
  6. [3] The Christian Post. Accessed 28 September 2008.
  7. NLG Solutions <Online>. Egypt. Accessed 28 September 2008.
  8. 8,0 8,1 „Egypt from "U.S. Department of State/Bureau of Near Eastern Affairs". United States Department of State. September 30, 2008.
  9. 9,0 9,1 „Egypt from "Foreign and Commonwealth Office". Foreign and Commonwealth Office -UK Ministry of Foreign Affairs. August 15, 2008. Архивирано од изворникот 2008-05-13. Посетено на 2013-11-22.
  10. „Egypt Religions & Peoples from "LOOKLEX Encyclopedia". LookLex Ltd. September 30, 2008.
  11. „Egypt from "msn encarta". Encarta. September 30, 2008. Архивирано од изворникот на 2009-10-31. Посетено на 2013-11-22.
  12. The Pew Forum estimate is 5.3%. „Number of Coptic Christians in Egypt Is Far Less Than Media Estimates, Report Says“. cnsnews.com. December 19. 2011. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  13. Who are the Christians in the Middle East?. Betty Jane Bailey. June 18, 2009. ISBN 978-0-8028-1020-5.
  14. Cole, Ethan (July 8, 2008). „Egypt's Christian-Muslim Gap Growing Bigger“. The Christian Post. Посетено на 2008-10-02.