Прирачно дело
Прирачно или референтно дело е зборник од информации, обично од конкретен тип, составено во книга за згоднa проверка на информациите. Овие информации се така поставени за да можат да се најдат брзо и лесно кога се потребни. На овие дела корисникот се повикува по потреба, а не се чита од почеток до крај. Пишаниот стил на овие дела е информативен; авторите избегнуваат да користат прво лице и да нагласуваат факти. Во таквите дела често наоѓаме и индекси. По потреба се објавуваат и подобрени, понови изданија, во некои случаи годишно.
За споредба, прирачна книга (референтна книга) во една библиотека е дело кое може да се користи само во рамките на библиотеката и не може да се изнесува. Многу такви дела се прирачни дела (во првата смисла) кои обично се користат само накратко или се фотокопираат, и затоа не се изнесуваат. Бидејќи стојат постојано во библиотеката, тие секогаш се достапни за употреба. Други прирачни дела може да бидат книги кои се премногу драгоцени за да се изнесуваат.
Еве примери за прирачни дела:
- Алманах - табелација на податоци по конкретни полиња и по датуми
- Атлас - збирка географски карти
- Географски речник - азбучен список на географски поими и нивни толкувања
- Граматика - книга во која можат да се најдат разни аспекти од граматиката на еден јазик
- Директориум - список на предметни определници што служи за лесно наоѓање на нејзиниот предмет
- Енциклопедија - опширен зборник
- Конкорданција - список на секој збор во една книга, и каде се користи истиот во тие рамки
- Математички таблици - табелација на математички резултати
- Научни таблици - табелација на научни резултати
- Прирачник - Упатство кое резимира еден предмет
- Речник или Лексикон (второспоменатиот дава повеќе граматичка анализа) - азбучен список на зборови и нивните значења/дефиниции
- Тезаурус - список на зборови со слично, сродно или спротивно значење
- Цитатен индекс - наведува кои публикации цитираат други публикации