Хрвати во Србија

(Пренасочено од Хрватите во Србија)

Хрватите во Србија или Српските Хрвати (хрватски: Hrvati u Srbiji) — признаено хрватско национално малцинство во Србија веќе од 2005 година. Поради многу причини помал број од Српските Хрвати всушност живеат во нивната матична земја Србија. Според пописот од 2002 година, имаше 70,602 Хрвати во Србија или 0.94% од вкупното население. 56,546 од нив живеат во автономната покраина Војводина и 14,056 во Централна Србија, и неколку стотици во Косово.

Хрвати во Србија
Вкупен број на населението

70,602 (2002)

Региони со значително население
Војводина, Централна Србија
Јазици
хрватски
Религии
римокатолицизам, атеизам
Поврзани етнички групи
Хрвати

Население

уреди

Бројот на Хрватите во Србија беше поголем во пописот од 1991 година, кога беа 97,344 или околу 1.24% од вкупното население на Србија. Сепак, вистинскиот број на Хрвати би можел да биде помал поради тоа што властите ги сметаа оние сограѓани кои се прогласиле себеси како Буњевци или Шокци како "Хрвати". Денес, повеќето членови на Шокци заедницата се сметаат како Хрвати, додека помал број од Буњевското население се гледаат себеси како различна Буњевска националност, додека мнозинството се сметаат себеси како Хрвати. Некои кои претходно се прогласиле како Хрвати се прогласиле како Југословени во пописот; сепак знак на прашање е дали тие може да се сметаат како Хрвати поради тоа што Југословените се признаени како одделна националност.

Најголемиот број на Хрвати во попис воопшто беше во далечната 1961 кога имаше 196,409 Хрвати (вклучувајќи ги и Буњевците и Шокците) ви Социјалистичка Република Србија (околу 2.57% од вкупната популација во тоа време).

Намалувањето на бројот на Хрватите во Србија беше предизвикано од Југословенските војни, посебно во периодот меѓу 1991 - 1995 Војна во Хрватска, кога тие беа под притисок од Српската Радикална Патија и Српските бегалци од Хрватска и Босна и Херцеговина да одат во Хрватска. Во тој период, се случи размена на населението помеѓу Хрватите од Србија и Србите од Хрватска.[1] Друга причина за намалувањето на Хрватите е нискиот степен на наталитет на таа етничка група. Поради горенаведените причини бројот на Хрватите во Србија е значително намален во последните 70 години.

Резултати од пописите

уреди

Број на Хрвати во Србија според неколку пописи:

  • 1948: 169,864 (2.60%)
  • 1953: 173,246 (2.48%)
  • 1961: 196,409 (2.57%)
  • 1971: 184,913 (2.19%)
  • 1981: 149,368 (1.60%)
  • 1991: 105,406 (1.08%) или (не ја вклучува територијата на Косово) 97,344 (1.24%)
  • 2002: (не ја вклучува територијата на Косово) 70,602 (0.94%)

Забелешка: Во пописот од 1991 и 2002 година, Буњевците беа напишани како посебна етничка група, додека Шокците беа напишани во категоријата "Останати". Пред тоа тие се прогласиле себеси како Хрвати. Бројот на луѓето во Србија кои се прогласиле себеси како членови од Буњевската заедница беше 20,012 во пописот од 2002, додека бројот на прогласените Шокци не беше даден одделно, но е пресметан помеѓу 1,000 и 2,000 луѓе. Од 1948 до 1991 година резултатите од пописот се дадени за целата територија на Србија, додека резултатите на пописот од 2002 се дадени за територијата на Србија не вклучувајќи го Косово.

Поврзано

уреди

Извори

уреди
  1. (хрватски) Oko stotinu protjeranih Hrvata iz Vojvodine stiglo u Hrvatsku Архивирано на 3 декември 2007 г., 10 August 1995

Надворешни врски

уреди