Храна, а не оружје
Храна, а не оружје (англиски: Food not Bombs) — движење на луѓе кои спремаат и бесплатно делат вегетаријанска и веганска храна на гладните и се противат на војните.
Настанување
уредиПрва ваква група се оформила во Кембриџ, Масачусетс, во 1980 година од страна на активисти на анти-јадрени движења. Храна, а не оружје е потполно волонтерска организација која е посветена на ненасилството. Нема водач и настојува секој да може да се вклучи во процесот на донесување одлуки. Секоја група набавува храна која инаку би била фрлена и спрема свежи, готвени, вегетаријански оброци кои се послужуваат во градските паркови, на секого, без ограничување. Исто така се послужуваат бесплатни вегетаријански оброци на протести и останати случувања.
Филозофија
уредиСржта на нивната филозофија е да се нахранат гладните, а постојат четири столбови на кои се заснова:
- ненасилство;
- вегетаријанство;
- рециклирање храна;
- одлучување со консензус.
Поборниците на оваа филозофија исто така веруваат и во:
- ако сите влади и корпорации ширум светот би потрошиле подеднакво пари и енергија да ги прехранат луѓето како што трошат на војна, никој не би бил гладен.
- на светот има доволно храна за сите, но многу од тоа се фрла, како директна последица на капитализмот и милитаризмот.
- вегетаријанската храна е воедно здрава и ненасилна.