Холворти хол — еден од домовите во кои се сместуваат студентите од прва година во Харвард. Со капацитет да смести 85 студенти, сместен е во дворот на Харвард и улицата Киркленд. Тој е најблискиот дом до научниот центар на Харвард и втор по близина дом до Меморијалната сала во која е сместена мензата за студентите од прва година. Во првиот век од своето постоење, бил сметан за најдобриот дом во дворот на Харвард и најпосакуван во однос на сместувањето..[1]

Поглед кон Холворти Хол од градината на Харвард

Холворти е дел од Ivy Yard групата на домови за студенти од прва година на Харвард, заедно со Apley Court, Hollis Hall, Lionel Hall, Massachusetts Hall, Mower Hall, Stoughton Hall, and Straus Hall.[2]

Распоред на катовите

уреди

Распоредот на катовите во Холворти е посебен меѓу домовите во Харвард. На секој кат од три влезови – Источен, Среден и Западен – има два апартмани поврзани со 3 метарски хол и заедничка бања. Секој апартман вклучува голема заедничка соба со две спални соби. Иако некои студенти кои престојуваат во домот одбираат да ги затвораат вратите во холот, повеќето го оставаат холот со бањите отворен, на тој начин правејќи „мега-апртман“ за осум лица, за разлика од другите домови. Секое купатло има два умивалници, два тоалети и две туш кабини. Во бањата нема прозорци, но е доволно осветлена.

Историја

уреди

Холворти е основан во 1812 во чест на богат англиски трговец, сер Метју Холворти, кој починал во 1678 и оставил £1,000 на Харвард - дотогаш најголемата донација во историјата на колеџот. Домот се отворил на 18 август 1812. Тогаш немал водовод; скоро цел век студентите требало да одат надвор за да го користат водоводот на колеџот. Киријата била $26 годишно.[1]

Домот бил првично користен за сите години, но доминирале студентите во последна година. Во 20 век студентите во последните години изразиле желба да ги напраавт најстарите домови како Холворти, Холис и Стаутон нивни и потпишувале петиција за Холворти да биди дом само за студентите од последна година во колеџот. До стотата годишнина на домот во 1912, околу 1,300 студенти живееле во Холворти.[1]

До 1904, Холворти бил целосно исполнет со студентите од последната година во колеџот. И покрај тоа што не бил сметан за толку модерен колку поновите домови, Холворти и соседните домови станале центар на студентскиот живот.[2] Исто така стана познат по вдомувањето на некои од најистакнатите студенти.

Поради тоа што во домот почнале да живеат студенти од прва година, Холворти не беше дел од Харвард – Јејл договорот за збратимување до 2005.

Белешки

уреди

Во 1860, Едвард VII од Обединетото Кралство, тогашен принц од Велс, бил во собата број 12 додека бил на посета во Харвард. Во собата 12 биле сместени и други истакнати студенти од Харвард.

Сè до 1860 , Собата 24 служела како библиотека на Харвард за одделот Фи Бета Капа (Phi Beta Kappa Society). Тука бил сместен и библиотекарот кој ги чувал неколкуте стотици книги во неговиот ормар.[1]

Холворти е познат и по тоа што бил дом на неколку писатели и продуценти на анимираната серија „The Simpsons“.

Претходни станари

уреди

Холворти е исто така познат и тпо тоа што во него престојувале Ал Гор '69 и Томи Ли Џонс '69, иако тие всушност живееле во Mower Hall.[6]

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 „Harvard Alumni Bulletin, Volume 14“. Harvard Alumni Association Bulletin, 1911. Посетено на 2010-09-09.
  2. 2,0 2,1 „Freshman Dorms: Ivy Hall“. Harvard College Freshman Dean's Office. Посетено на 2010-09-09.[мртва врска]
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 3,14 3,15 3,16 3,17 „Dorm History Search“. Harvard College Freshman Dean's Office. Посетено на 2010-09-08.
  4. Barzilay, Julie R. (2010-05-27). „The Conan We Knew“. The Harvard Crimson. Посетено на 2010-09-08.
  5. Guehenno, Claire M. (2006-11-07). „Governor's Mansion Not the Last Stop on Patrick's Path, Classmates Say“. The Harvard Crimson. Посетено на 2010-09-08.
  6. Le, Van (2006-12-06). „Mower, you say? Sorry, we don't serve that here“. The Harvard Crimson. Посетено на 2010-09-08.

Надворешни врски

уреди

42°22′32″N 71°07′02″W / 42.37549° СГШ; 71.11726° ЗГД / 42.37549; -71.11726