Хобитот,или Таму и пак назад, подобро познат по насловот Хобитот, е фантастична новела и детска книга од англискиот писател Џ.Р.Р.Толкен. Беше издаден на 21 септември 1937 и притоа доби позитивни критики,номинирајќи се за Carnegie Medal и доби награда од New York Herald Tribune за најдобра детска новела. Книгата останува популарна и модел за класика во детската литература.

Хобитот, или до таму и назад
Корицата на првото американско издание од 1938
АвторЏ. Р. Р. Толкин
Изворен насловThe Hobbit, or, There and Back Again
Изработувач на
корицата
Џ. Р. Р. Толкин
ЗемјаОбединето Кралство
Јазиканглиски
Жанрфантастика, детска литература
ИздавачGeorge Allen & Unwin (Велика Британија) и Houghton Mifflin Co. (САД)
Издадена
1937
ПретходнаThe Silmarillion 
СледнаГосподарот на прстените 

Заглавен во времето на "Помеѓу утрото од самовилата и Власта на луѓето”,[1] Хобитот ни ја претставува авантурата на хобитот Билбо Багинс во која би добил дел од богатството кое што е чувано од змејот,Смог.Авантурата на Билбо го носи од веселата, рурална околина во многу злобна територија.[2] Приказната е раскажана во форма на авантуристички епизоди, и голем дел од поглавјата ни прикажуваат специфични карактери,или вид на суштества ,од Толкеновата бујна фантазија.Со прифаќањето на романтичната,авантуристичката и храбрата страна на неговата природа и притоа додавајќи му го здравиот разум, Билбо добива ново ниво на зрелост, способност и мудрост.[3] Приказната го достигнува кулминација во делот Војната на петте армии, каде многу од карактерите и суштествата од претходните поглавија повторно се сретнуваат и се вклучуваат во конфликт.

Сопствениот развој и хероизмот се централни теми на приказната. Заедно со мотивите на војување, овие теми го поттикнааа Толкен да направи критички осврт на неговото искуство во Прва светска војна,и да го искористи како инструмент во моделирањето на приказната. Авторовото научното знаење на Германскa филологија и интересот за бајките често се забележани како влијание врз неговото творештво.

Охрабрен од критичкиот и финансискиот успех на книгата, издавачот побара продолжение. Со напредокот на Толкиеневата работа на наследникот Господарот на прстените, тој направи негово ретроспективно сместување во Хобитот. Овие малку, но значањи промени беа сместени во второто издание. Понатамошните изданија биле проследени со одредени промени, влучувајќи ги и промените кои се рефлектираат врз концептот на Толкен.Работата на Толкен никогаш не била надвор од печатот. Неговато актуелно наследство опфаќа многу адаптирање за на сцената, радио, игри со табла и видео игри. Неколку од неговите адаптации добиле признание за сопствените заслуги.

Карактери

уреди

Bilbo Baggins, како наследник на титулата , е почитуван ,молчалива личност hobbit.[4][5] За време на неговата авантура Билбо често помислува на храната во оставата и посакува да има повеќе храна . Сè додека не го пронајде Единствениот Прстен тој е повеќе товар отколку помош. Гандалф, еден од патувачките волшебниците,[6] го запознава Билбо со друштво од 13 џуџиња.За време на авантурата волшебникот исчезнува поради други обврски коишто не се прикажани, и се појавува повторно само во главните моменти. Торин Океншиелд, гордиот егоистичен водач [7][8] на друштвото џуџиња и наследник на престолот на кралството на џуџиња, под Осамената планина, прави многу грешки во неговото владеење, потпирајќи се на Гандалф и Билбо да му помогнат да го извлечат од невољите, тој го докажува спротивното дека е вешт воин. Смауг е змеј кој го ограбил кралството на џуџиња управувано со дедото од Торин и спие врз огромното богатството на кралството.

Заплетот вклучува група на други ликови со различна важност, како што дванаесет други Џуџиња на друштвото; Два типа на џуџиња: и двата се ѓаолчиња и многу поборбени типови;[9] Луѓе; Тролови-човекојадци; злобни гоблини кои живеат во пештери; Џиновски пајаци пајаци кои можат да говорат; огромен орел кој исто така може да говори; злобни волци, или Побеснати волци волци кои се сојузници со гоблините; мудриот Елронд; Голум, чудно суштевство кој живее во подземни езера; Беорн – човек кој може да се преобрази во мечка; Бард Боумен, суров но благороден стрелец од Лејк-тоун.Беорн,човек кој може да се преобрази во мечка; и Бард Боумен, суров но благороден стрелец од Лејк-тоун.[8][10]

Дејствие

уреди

Гандалф го измамува Билбо да биде домаќин на забавата за Торин и неговата група од џуџиња, кои пеат за враќањето на Осамената планина и огромните богатства од змејСмог. Кога музиката ќе заврши, Гандалф открива карта која покажува тајна врата во планината и дава предлог Билбо да послужи како “крадец” на експедицијата. Џуџињата се исмеваат на оваа идеја, но Билбо, разлутен, се придружува безразлика на тоа што е против себеси.

Групата патува во дивината, каде што Гандалф ја спасува дружината од троловите, кои се настроени да ги јадат џуџињата и тоа ги води до Ривендел, каде што Елронд открива повеќе тајни од мапата, вклучувајќи ја и тајната врата која води до пештерите на планината. Поминувајќи преку Магловити планини, тие се заробени од гоблините и се одведени во подземјето. Иако Гандалф ги спасува, Билбо се разделува од другите додека тие бегаат од гоблините. Изгубен во гоблинските тунели, тој наидува на мистериозен прстен, а потоа се сретнува и со Голум, кој го за фаќа со играта на загатки. Како награда за решавање на сите загатки Голум ќе му го покаже патот кој води надвор од тунелите, но ако Билбо не успее, ќе го изгуби животот. Со помош на прстенот, со кој се станува невидлив, Билбо успева да избега и им се вклучува на џуџињата, подобрувајќи ја неговиот углед кај џуџињата. Гоблините и [[Варгс (Средна земја)|Варгс) се во потера по џуџињата но тие се спасени од орлите пред да одмараат во куќата на Беорн.

Дружината влегува во црната шума на Милквуд без Гандалф. Во Милквуд, Билбо најпрво ги спасува џуџињата од Џиновските пајаци а потоа од занданите на Вуд-џуџињата,помагајќи на дружината да избега преку водата во буриња. Наближувајќи сè до Осамената планина, патниците се добредојдени во градот на езерото од страна на жителите, кои се надеваат ќе ги исполнат ветувањата за исполнувањето на смртта на Смог. Експедицијата се движи до Осамената планина и тие ја наоѓаат тајната вратач Билбо го набљудува дувлото на Смог, крадејќи голема чаша и научувајќи ја слабоста на Смог. По забележувањето на крадецот, разбеснатиот змеј, заклучува дека градот на езерото му помогнал на натрапникот, тргнува за да го уништи градот. Благороден човек дознава за извештајот од Билбо за ранливоста на Смог, и го известува бранителот на градот. Бард, кој го уништува змејот.

Кога џуџињата завладеаа со планината, Билбо го пронаоѓа Аркенкаменот, кој е наследство од династијата на Торин, и го крија. Шумските џуџиња и жителите на езерото прават опсада на планината и бараат надомест за нивната помош, поправувањето на оштетата на градот на езерото, и побарувачките за старите заложби. Торин одбива, и, имајќи ја поддршката од неговите роднини од северните планини, ја зајакнува својата положба. Билбо му го дава Аркенкаменот на кралот Елвен така што тој би бил приморан да ја одложи војната, но Торин е бескомпромисен. Тој го изневерува Билбо, и битката се чини неизбежна.

Гандалф повторно се појавува за да ги предупреди сите од приближувањето на армија од гоблини и варгови. Џуџињата и луѓето се здружуваат, но само со пристигнување на орлите и Беорн тие би ја победиле главната битка на Петте армии. Торин е смрттно ранет и се помирува со Билбо пред да умре. Билбо прифаќа само дел од неговото богатство, без потреба од повеќе, но сепак се враќа како многу богат хобит.

Концепт

уреди

Заднина

уреди

Во раните 30-ти години, Толкин стремеше кон академска кариера на Оксфорд. Неколку од неговите поеми кои беа објавени во магазините како помали колекции, вклучувајќи ги и “Goblin Feet” [11] и “The cat and the Fiddle: A Nursery Rhyme Undone and its Scandalous Secret Unlocked” .Неговото дело “letters from Father Christmas” исто така е дел од неговите креативни трудови. Делото е илустритран ракопис кој вклучува завоени гоблини и гноми.[12]

Во 1995 година испратил писмо до В.Х. Ауден, Толкин тогаш започнал да работи на неговото дело “The Hobbit” во раните 30-ти години. Тој пронашол празна страна и оддеднаш инспириран, ги напишал зборовите “In a hole in the ground there lived a hobbit”. До крајот на 1932 тој ја завршил и приказната и го позајмил ракописот на неколку негови пријатели, вклучувајќи го и Ц. С. Луис[13] и студентот на Толкин, Елејн Грифитс.[14]

Влијаниа

уреди

Едно од најголемите влијаниа врз Толкен беше 19 век на уметност и занаети на Вилијам Морис. Толкин сакаше да ја имитира прозата и поезијата[15] на Морис, следејќи го општиот стил и пристап на работа. Пустелијата на Смог ги опишува змејовите како штета на околината, е забележано како мотив позајмен од Морис.[16] Толкин, исто така, пишува под импресија од историскиот роман на Самуел Радерфорд Крокет историскот роман “Црниот Даглас” и се базираше на некромантот-Саурон-со својата негативност, Жил де Рез.[17] Инцитеднтите во "Хобитот" и "Господарот на прстените" се слични во својот состав и стил на новелата, и нивниот целокупен стил и метафорика биле претпоставени како влијание врз Толкен.[18]

Портретите на гоблините во "Хобитот" имаа особено влијание од Принцезата и гоблинот од Џорџ Мекдоналд.[19] Сепак, Мекдоналд му влијаеше на Толкен подлабоко од само создавањето на поединечните ликови и епзоди; неговите дела му помогнаа на Толкен во формирањето на целосното негово размислување во рамките на неговата христијанска вера.[20]

Делата на Толкен спојуваат повеќе влијание од Нордиска митологија, одразувајќи ја неговата страст за оние приказни и неговата академска кариера во Германската филологија.[21] "Хобитот" не е исклучок од ова; трудот покажува влијание од северната европска литература, митови, како и јазици и најсилното влијание од Нордиска митологија, особено од "Еда поезијата" и "Еда прозата". Примерите ги вклучуваат имињата на некои ликови,[22] како што се Фили, Кили , Оин, Глоин, Бифуф, Бофур, Бомбур, Дори, Нори, Двалин, Балин, Даин, Наин, Торин Оакеншилд и Гандалф (кои призлегуваат од старите Нордски имиња). Но, додека нивните имиња се стариот Норс,ликовите на џуџињата се земени од бајките, како "Снежана" и "Снежана и Роуз-црвената" како збирки од Браќа Грим. Последната од овие приказни исто така има влијание врз карактерот на Беорн.[23]

Издание

уреди

Корицата на првото издание од Хобитот е земен дизајнот од страната на авторот.

George Allen & Unwin Ltd од Лондон каде првото издание од "Хобит" било објавено на 21 Септември 1937 со тираж од 1500 примероци коишто биле продадени до Декември бидејќи на воодушевачката критика.[24] Првото печатење било илустрирано во црно белоод Толкин кој ја дизајнирал Сивата јакна. Houghton Mifflin на Бостон и Њујорк го наместува видот на американското издание кое е објавено во почетокот на 1938 година каде четири од илустрациите би бие во нежни бои. Allen & Unwin одлучиле да се приклучат во илустрациите во боја на нивното второ печатењеобјавено во крајот на 1937 година.[25] И покрај популарноста на книгата проблемите со рационализација на хартијата во воени услови кои траеле сè до 1949 година предизвикале Allen & Unwin изданието на книгата да биде недостапно во овој период. Наредните изданија на англиски јазик биле издадени во 1951,1966, 1978 и 1995 година. Романот е препечатен од страна на многу издавачи и преведен на повеќе од 40 јазици со повеќе од една верзија за некои јазици.[26]

  1. Eaton, Anne T. (13 March 1938). „A Delightfully Imaginative Journey“. The New York Times.
  2. Langford, David (2001). „Lord of the Royalties“. SFX magazine. Посетено на 29 September 2007.
  3. Matthews, Dorothy (1975). „The Psychological Journey of Bilbo Baggins“. A Tolkien Compass. Open Court Publishing. стр. 27–40. ISBN 978-0-87548-303-0.
  4. Martin, Ann (2006). Red Riding Hood and the Wolf in Bed: Modernism's Fairy Tales. University of Toronto Press. стр. 38. ISBN 0-8020-9086-9. ... —prefigure the largely bourgeois preoccupations of J.R.R. Tolkien's Bilbo Baggins in The Hobbit.
  5. Beetz, Kirk H., уред. (1996). Beacham's Encyclopedia of Popular Fiction Analysis. 8 volumes set. Beacham Publishers. стр. 1924. ISBN 0-933833-42-3. At the beginning of The Hobbit ... Билбо Багинс , како наследник на титулата , е почитуван ,молчалива личност.
  6. Bolman, Lee G.; Deal, Terrence E. (2006). The Wizard and the Warrior: Leading with Passion and Power. John Wiley & Sons. стр. 88. ISBN 0-7879-7413-7. But their chief role was to offer sage advice: Merlin as a tutor and counselor to King Arthur; Gandalf through stories and wisdom in his itinerant travels throughout the countryside.
  7. Helms, Randel (1981). Tolkien and the Silmarils (1. изд.). Boston: Houghton Mifflin. стр. 86. ISBN 0-395-29469-X. As apt a description of Thorin Oakenshield as of the dwarf-lord of Nogrod; but yet when we see Thorin in person, ... there is a notable addition, a comic pomposity altogether suitable to what Tolkien intends in The Hobbit...
  8. 8,0 8,1 Pienciak, Anne (1986). „The Characters“. J.R.R. Tolkien's Hobbit and Lord of the Rings. Barron's Educational Series. стр. 14–30. ISBN 0-8120-3523-2.
  9. Tolkien 2003, стр. 120
  10. Stevens, David; Stevens, Carol (2008). „The Hobbit“. Во Bloom, Harold (уред.). J.R.R. Tolkien. Chelsea House. стр. 17–26. ISBN 978-1-60413-146-8.
  11. Oxford Poetry (1915) Blackwells
  12. Rateliff 2007, стр. xxx–xxxi
  13. Carpenter 1977, стр. 181
  14. Carpenter 1981, стр. 294
  15. Carpenter 1981, стр. 7
  16. Rateliff 2007, стр. vol.2 p.485
  17. Carpenter 1981, стр. 391, quoted by Lobdell 2004, стр. 6
  18. Lobdell 2004, стр. 6–7
  19. Tolkien 2003, стр. 108
  20. Drout 2007, стр. 399–400
  21. Lazo, Andrew (2008). „Gathered Round Northern Fires“. Во Chance, Jane (уред.). Tolkien and the Invention of Myth: A Reader. University Press of Kentucky. стр. 191–226. ISBN 0-8131-2301-1.
  22. Drout 2007, стр. 469–479
  23. Tolkien 2003, стр. 78
  24. Hammond & Anderson 1993, стр. 8
  25. Hammond & Anderson 1993, стр. 18–23
  26. Tolkien 2003, стр. 22

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:

Предлошка:J. R. R. Tolkien Предлошка:Middle-earth Предлошка:Hobbit Предлошка:Fantasy fiction Предлошка:BILBY Older Readers Award