Хисарски мост

мост во Гребенско, Егејска Македонија

Хисарски мост (грчки: Γέφυρα Kάστρου) — стар камен мост во Гребенско, Егејска Македонија.[1]

Хисарски мост
Γέφυρα Kάστρου
Координати40°5′55.7″N 21°16′54.6″E / 40.098806° СГШ; 21.281833° ИГД / 40.098806; 21.281833
ПреминуваГребенска Река
МестоХисар, Гребенско, Егејска Македонија
Зашт. статусспоменик на културата
Особености
Видлачен
Материјалкамен
Вкуп. должина23 м
Ширина3 м
Висина8 м
Распони1
Историја
ЗавршенXVIII – XIX век
Местоположба
Карта

Се наоѓа на сариот пат меѓу гребенските села Радуништа и Хисар. Ја преминува Гребенска Река, околу еден километар под Хисар. Падините на планината се стрмни, а местото е обраснато со дабови.[1] Изграден е во XVIII[2] или XIX век, веројатно пред 1850 г. по сеќавање на мештаните. Според една верзија, мостот го изградиле монасите од подоцна уништениот манастир „Св. Никола“ во месноста Стар Манастир (Палиомонастирио). Според друга верзија, изграден е од жителите на селото, а според трета, поткрепена од името мост на Пашата (του Πασά το γεφύρι) тој е изграден од турскиот управник на Хисар. Активно се користел сè до 1960-тите.[1]

Мостот има еден лак. Долг е 23 м, широк 3 м и висок 8 м. Краиштата на коловозот по мостот се надолжно оградени со камења, издадени за 10 см над нивото, а истовремено има големи камења во улога на основна ограда и придонесуваат кон убавината на мостот. Ѕидаријата е од делкани камења и малтер, зајакнати со железна арматура.[1]

Во 1995 г. мостот е прогласен за заштитен споменик на културата.[2] Во 1999 г. претрпел реставрација, при што се дополнети камењата што недостасувале.[3]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Υποστήριξη αποτίμησης κατάστασης μνημείων Περιφερειακής Ενότητας Γρεβενών (PDF) (грчки). Κοζάνη: Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού, Περιφέρεια Δυτικής Μακεδονίας - Περιφερειακή Ενότητα Κοζάνης, Τεχνικό Επιμελητήριο Ελλάδας - Τμήμα Δυτικής Μακεδονίας. Νοέμβριος 2017. стр. 29. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  2. 2,0 2,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/29028/694/30-6-1995 - ΦΕΚ 632/Β/18-7-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2015-01-20. Посетено на 20 јануари 2015.
  3. Υποστήριξη αποτίμησης κατάστασης μνημείων Περιφερειακής Ενότητας Γρεβενών (PDF) (грчки). Κοζάνη: Υπουργείο Πολιτισμού και Αθλητισμού, Περιφέρεια Δυτικής Μακεδονίας - Περιφερειακή Ενότητα Κοζάνης, Τεχνικό Επιμελητήριο Ελλάδας - Τμήμα Δυτικής Μακεδονίας. Νοέμβριος 2017. стр. 30. Занемарен непознатиот параметар |lang-hide= (help); Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)