Хипокористик
Хипокористик[1][2] — галовно име, варијанта на име или друг збор што се користи од милост кон личност што ни е драга[3] . Овој збор е изведен од грчкиот збор ὑποκορίζεσθαι (), што значи „да се игра со дете, да се тепа“[4]. Хипокористиците се одликуваат со одредена деформација на зборот и често се апокопирани облици на целосни имиња или деминутиви, иако тие може да имаат различна етимологија од основниот збор (на пр. Пепе е хипокористик од шпанското име Хосе, или Пако од Франциско). Хипокористиците се кратенки и модификации на сопствените имиња во семејниот говор.
Образување хипокористици
уредиХипокористиците се образуваат на три начини:
- Скратување на сопствените имиња (Владимир — Владо)
- Имитација на детски говор (Драгана - Гага)
- Додавање деминутивни наставки (Мила — Милица)
Наводи
уреди- ↑ „хипокористик“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „хипокористик“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Речник Вокабулар. Хипокористик, Пристапено 29. 4. 2013.
- ↑ Hypocoristic. Dictionary.com, Пристапено 29. 4. 2013.