Хиподам Милетски
Хиподам Милетски или Хиподам од Милет (старогрчки: Ἱππόδαμος), бил старогрчки урбанист во V век п.н.е.. Тој изработувал планови за градови со ред и правилен карактер, за разлика од честите безредни градови како Атина. Тој се смета за зачетникот на идејата дека еден градски план може формално да отелотвори и разјасни рационален општествен поредок. Според Аристотел (во Политика), тој бил зачетникот на урбанизмот, и обмислил идеален град за 10,000 жители, поделен во три класи (воини, занаетчии и земјоделци), каде земјата исто така била поделена на три дела (света, јавна и приватна). Тој бил познат и по љубител на вниманието. Според описот на Аристотел во Политика, „Некои сметале дека тој навистина претерувал, со неговата долга коса, скапи украси, и истата евтина топла облека која се носи и лете и зиме“.
За Перикле Хиподам го испланирал пристанишниот град Пиреја кај Атина во средината на V век п.н.е. Кога атињаните го основале Туриј во Италија во 443 п.н.е., тој бил колонијален архитект - иако не архитект во смисла на проектант на градби. Се смета дека во 408 п.н.е. го изградил новиот град Родос, иако може да се каже дека бидејќи бил дел од проект за реконструкција на Милет во 479 п.н.е., тој би бил престар за да работи на Родос.
Неговите решеткасти планови се состоеле од низа широки, прави улици, кои се сечеле под агли од 45° и 135°.
Македонија
уредиМеѓу значајните дела на Хиподам е и планирањето на престолнината Пела во Македонија.
Извор
уреди- Аристотел, Политика.
- Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)