Хиоска овцагрчка раса овци која се одликува со висока млечност[1] и пониски приноси на волна и месо.

Хиоска овца

Потекло и распространетост на расата

уреди

Како и за многу други раси и за хиоската овца не се знае нејзиното потекло. Се смета дека е создадена на островот Хиос како резултат на вкрстувањето на локални овци со анадолски донесени подоцна, можно од расите кивирџик и даглик.[1] Во периодот 1983 – 2007 година, популацијата на расата нараснала од 16.000 на 51.860 грла.

Опис и особини на расата

уреди

Главата е со слабо испакнат профил. Ушите се малку надвиснати. Телото е издолжено, а коските се тенки и здрави. Лицето, ушите и нозеете се покриени со црни дамки. Опашката е широка, густа, рунеста и достига до земјата. Вимето исто така е црно. Стомак нема руно исто како и долниот дел на нозете.

Руното е бело, волната е ретка и полугруба. Често кај јагнињата се забележуваат пигментни дамки кои подоцна бледнеат.

Овците се тешки 45 – 55 кг, а овните 65 – 80 кг. Средниот настриг на волна е 1,5 – 2,3 кг кај овците и 2 – 3,5 кг кај овните. Плодноста е во рамките на 180%. Средната млечност за лактационен период е 240 – 320 l.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 http://afs.okstate.edu/breeds/sheep/chios/ „Chios“ Проверете ја вредноста |url= (help). Oklahoma State University, Dept. of Animal Science. Посетено на 6 април 2020.