Химна на Отоманското Царство
Проблеми со пуштањето? Помош. |
Химна на Отоманското Царство — државна химна на Отоманското Царство.
Како и во многу други монархии на своето време, така и химната на Отоманското Царство не била национална за целата земја до 19 век. Тоа значело дека самата химна оддавала почит на одреден владетел и секој негов наследник имал друга химна, различна од претходната. Но, во 1844 година, по периодот на Танзиматот, официјална химна на царството станала Mecidiye Marşı, како прва национална признаена химна. Првото официјално отоманско знаме, кое во суштина е идентично со денешното турско знаме, исто така било усвоено во тој период.
- Mahmudiye Marşı, Маршот на Махмуд – за Махмуд II (1808–1839 / 1918–1922), од Џузепе Донизети[1]
- Mecidiye Marşı, Маршот на Абдул Меџит – за Абдул Меџит I (1839–1861), од Џузепе Донизети[2]
- Aziziye Marşı, Маршот на Абдул Азис – за Абдул Азис (1861–1876), од Калисто Гватели[3]
- Hamidiye Marşı, Маршот на Абдул Хамид – за Абдул Хамид II (1876–1909), од Неџип-паша[4]
- Reşadiye Marşı, Маршот на Мехмед Решад – за Мехмед V (1909–1918), од Итало Селвели[5]