Хегемона (месечина)

месечина на Јупитер

Хегемона, исто така позната како Јупитер XXXIXмесечина на Јупитер. Откриена е од група наастрономи од Хавајскиот универзитет, предводена од Скот Шепард во 2003 година и ѝ било дадено привременото назначување S/2003 J 8.[2][3]

Хегемона
Откривање
Откритие наСкот Шепард и други
Откриено2003
Ознаки
Наречена по
Хегемона „Ἡγεμόνη“
S/2003 J 8
Орбитални особености [1]
23.947.000 км
Занесување0.328
−739.6 денови
Наклон155.2°
Месечина наЈупитер
Физички особености
22.8

Хегемона е со пречник од околу 3 километри и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 23 703 000 км за 745,500 дена, при наклон од 153° до еклиптиката (151° до екваторот на Јупитер), во спротивновртечка насока и со ексцентричност 0,4077.

Името го добила во март 2005 година по Хегемона, една од Грациите и ќерка на Зевс (Јупитер).[4]

Хегемона спаѓа во Пасифаината група, неправилни спротивновртечки месечини што кружат околу Јупитер на растојанија од 22,8 до 24,1 Гм, и со наклони кои се движат помеѓу 144,5° и 158,3°.

Наводи

уреди
  1. S.S. Sheppard (2019), Moons of Jupiter, Carnegie Science, on line
  2. IAUC 8088: S/2003 J 8 6 март 2003 (откривање)
  3. MPEC 2003-E24: S/2003 J 8 6 март 2003 (откривање и ефемерида)
  4. IAUC 8502: Satellites of Jupiter 2005 March 30 (naming the moon)