ОУ „7 Март“ - Чаир
основно училиште во Македонија
За други значења на поимот, погл. ОУ „7 Март“.
Основно училиште „7 Март“ (во минатото: Основно училиште „Даме Груев“; официјално: Основно општинско училиште „7 Марси“ - Чаир; скратено: ООУ „7 Марси“) — централно основно училиште во скопската населба Чаир, Општина Чаир.[1]
7 Март
7 Марси | |
---|---|
Место | |
Општина: | Општина Чаир |
Наречено по: | 7 Март |
Нас. место: | Чаир |
Адреса: | ул. „Коста Абрашевиќ“, бр. 3 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Настава на: | албански |
Контактни информации |
Денес, училиштето е именувано по денот на албанските наставници 7 Март, додека во минатото училиштето го носело името на истакнатиот македонски револуционер Даме Груев.
Именување
уредиВо 2012 година, Општина Чаир донела одлука за преименување на училиштето во чест на контроверзниот основач и командант на УЧК, Адем Јашари, иако таа одлука не е никогаш официјално потврдена од државните власти[2] со што тоа име останало неофицијално, иако истото се употребува од страна на локалните власти.
Наводи
уреди- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Посетено на 2024-12-21.
- ↑ „Central Registry of North Macedonia“. www.crm.com.mk (англиски). Посетено на 2024-12-21.