Хајлброн
Хајлброн — град во северен Баден-Виртемберг, односно југозападна Германија. Тој е целосно опколен со Хајлбронскиот Округ и има 120,000 жители, со што тој е шестиот најголем град во Баден-Виртемберг. Низ градот поминува реката Некар. Хајлброн е поранешен империјален слободен град и сегашен независен град, како и седиште на Хајлбронскиот Округ. Хајлброн е исто така и „главен економски центар“ на регионот Хајлброн-Франкен, кој го опфаќа речиси целиот североисток на Баден-Виртемберг.
Хајлброн е познат по својата винска индустрија и е наречен Käthchenstadt, по претставата на Das Käthchen von Heilbronn на Хајнрих фон Клајст.
![]() |
Оваа статија за место во Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |