Кристина Горовска

Кристина Горовска (р. 1983 во Скопје) — вокалистка на музичката група Bernays Propaganda, феминистка и општествено вклучена уметничка.

Кристина Горовска

Образование

уреди

Горовска има дипломирано филозофија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2006 година како најдобра студентка во нејзината генерација. За ваквиот успех и била доделена наградата „26. Јули“ од британската фондација Франк Манинг.[1]

Музика

уреди

По работата со неколку бендови, во 2007 година Горовска го основала бендот Bernays Propaganda заедно со Васко Атанасоски (гитара). Во април 2009 година го издале првиот албум Happiness Machines за кој покрај текстовите, Кристина напиша и воведен есеј во кој обработува теми како што се разум, болка, женски права, права на животните, пропаганда, насилство, итн., во кој своите ставови и мислења ги споредува и поткрепува преку реферирање на дел од најголемите филозофи, покажувајќи голема академска зрелост и детално познавање на многу филозофски правци.

По овој албум, следувале албумите My Personal Holiday и Забранета планета, на кои таа повторно се јавува како авторка на текстовите и вокалистка. Со Bernays Propaganda имаат одржано повеќе од 400 концерти во повеќе од 40 држави во рамки на нивните турнеи. Енергичниот и драматичен настап на сцена на „Тина од Бернајс“ стана препознатлив печат на бендот.

Театар

уреди

Во 2013 година, Кристина Горовска престојувала во Љубљана, Словенија, каде работела на подготвувањето на претставата Škrip Inc. режирана од Јелена Русјан. Покрај тоа што е една од трите ликови - носителки на дејствието во оваа претстава која зборува за тоа „како да кажете кои се вашите стравови без да се плашите дека ќе изгубите било што“.[2] Кристина е и авторка на текстот за нејзината улога. Претставата имаше своја премиера во декември 2013 година. Од тогаш, истата се има прикажувано уште неколкупати во Словенија. Škrip Inc. има добиено одлични критики.[3]

Дизајн

уреди

Горовска има работено на дизајн на омотите за албумите на неколку бендови. Авторка е на дизајнот на омотот на „Забранета планета“ и на албумот „Магла“ на групата Фонија и Калчр девелопмент. Таа е една од авторките на каверот на „My Personal Holiday“.

Филм

уреди

Кристина е еден од ликовите во документарниот филм „Mama Europa“ режиран од Петра Селишкар и еден од ликовите во „Ако никој не свири“, режиран од Ѓорѓи Јаневски, а во продукција на Канал 103. Филмот ги следи „почетоците на ... Bernays Propaganda низ секојдневниот предизвик да се живее за музиката и е приказ на подземната историја на скопската рокенрол-сцена, на нејзиниот автентичен урбан сензибилитет и неисцрпна креативна енергија.“ „Ако никој не свири“ бил избран за најдобар филм од регионот на меѓународниот фестивал за рок-документарни филмови ДОРФ.

Други активности

уреди

Своите мислења и ставови Горовска ги изнела и во многу колумни во дневни весници и списанија.

Наводи

уреди
  1. доделена наградата
  2. „Инфо“. Архивирано од изворникот на 2014-03-05. Посетено на 2014-03-09.
  3. Критики за претставата