Харието
Харието бил водач на банда салиски платеници од средината на 4 век, во служба на Римското Царство.
Животопис
уредиВо 350, Магненциј го убил императорот Константин I и се прогласил себеси за император. Граѓанската војна која се водела Магненциј и Константин II, братот на Константин Велики придонела трупите да се повлечат од германската граница, па Алеманите и Франките почнуваат да ја освојуваат римската провинција Горна Германија. Еден офицер од франско потекло, Клавдиј Силван, исто така се прогласил за император, но наскоро бил убиен, во 355. Со овие настапи одбраната на Римјаните против Германите ослабнала. Во 356, Јулијан, кој за таа прилика бил наречен Цезар, влегува во војна против Алеманите[2].
Зозим малку претходно кажува за некој Салиец по име Харието, водач на група платеници (ловци на глави), кој тогаш живеел во Колонија Августа Треверорум (Трир). Гледајќи како провинцијата станува жртва на грабежи, решава да се заложи во одбрана на Римјаните, ги води своите другари во шумите за да постави заседи на Франките. Кога варварите ќе ги подигнеле своите кампови за преноќување и кога ќе се успиеле, Харието и другарите тргнувале во напад, ги масакрирале и им ги отсекувале главите кои ги оставале да ги види населението. Императорот Јулијан слушнал како луѓето зборуваат за ваквите акции и гледајќи дека се ефикасни, му плаќал на Харието да продолжи со ноќните напади против варварите истовремено продолжувајќи да ги напаѓа дење со вообичаената негова војска. Франките, трпејќи огромни загуби без да ја знаат причината, најпосле се откажале од грабежите [3]. Во тек на овие напади Харието го заробил Небигаст, хамавски принц што му овозможило на Јулијан да преговара и да склучи примирје со Франките. Римјаните ги предале заробените под услов Франките да се повлечат од римската територија.[4],[5].
Амијан Марцелин потоа раскажува дека некое време по смртта на узурпаторот Прокопиј (366), Харието, кој станал командант на двете Германии, се борел против Алеманите кои се обидувале одново да ја освојат империјата (веројатно пролетта 368). Тој бил убиен во текот на оваа задача [6]. Императорот Валентинијан I кој бил зафатен со други приоритети во Империјата, можел да применува само дефанзивни мерки. Тој тргнал против Алеманите во 372 но не успеал да го покори кралот Макријан со кој потоа бил приморан да преговара поради офанзивата на Сарматите во Панонија[7].
Белешки и наводи
уреди- ↑ Според Feffer Périn, 1987 p.22 et 25.
- ↑ Feffer Périn, 1987, p.48-54
- ↑ Zozime, Histoire Nouvelle, livre 3.
- ↑ Kurth, 1896, p. 99-100. Сепак, според Godefroy Kurth, кралот на Хамавите таткото на принцот кој бил заробен се викал Небигаст.
- ↑ Settipani, 1996, p.27
- ↑ Ammien Marcellin, Histoire de Rome, livre XXVII.
- ↑ Feffer Périn, 1987 p. 55
колониХарието]]
Библиографија
уредиПрвостепени извори
уреди- Зозим, Нова Историја, надворешна врска: url=http://www.tertullian.org/fathers/zosimus03_book3.htm | titre=livre 3[мртва врска] (англиски).
- Амијан Марцелин, Историја на Рим, livre XXVII, chapitre I.
Второстепени извори
уреди•Godefroid Kurth, Clovis, le fondateur, Éditions Tallandier, 1896 (réimpr. 2000) (ISBN 2-235-02266-9), p. 99-100.
•Laurence Charlotte Feffer et Patrick Périn, Les Francs (tome 1 - A la conquête de la Gaule), Paris, Armand Collin Editeur, 1987 (ISBN 2-200-37070-6).
•Christian Settipani, « Clovis, un roi sans ancêtre ? », dans Gé-Magazine, no 153, octobre 1996, p. 27 .