Хана и нејзините сестри (филм)
„Хана и нејзините сестри“ (англиски: Hannah and her sisters) — филм на режисерот Вуди Ален од 1986 година. Ален е автор и на сценариото, а главните улоги ги играат: Вуди Ален, Барбара Херши, Мајкл Кејн, Дајен Вист, Макс фон Сидов и Миа Фароу. Прикажувајќи ги односите меѓу ликовите на границата меѓу драмата, мелодрамата и комедијата, Ален дава фреска на животот во Њујорк при што фокусирајќи се на трите сестри, тој дискретно ја цитира славната драма „Три сестри“ на Чехов. Кон привлечноста на филмот придонесуваат и партитурите од џез и популарната музика од 1930-тите и 1940-тите, како и одличните остварувања на глумците. Филмот освоил три награди „Оскар“, и тоа: за сценарио (Ален), за најдобра машка улога (Кејн) и за женска споредна улога (Вист). Исто така, тој бил награден и со „Златен глобус“ за најдобра комедија.[1] [2]
Содржина
уредиВо филмот се прикажуваат односите помеѓу три сестри кои живеат во Њујорк. Хана (ја игра Фароу) ја запоставува својата кариера на глумица за да може да се грижи за децата и за семејството. Нејзиниот втор сопруг, Елиот (го игра Кејн), се вљубува во сестрата на Хана, поранешната алкохоличарка Ли (ја игра Херши), која се задушува во врската со својот циничен љубовник. Третата сестра, Холи (ја игра Вист), работи како доставувачка на храна и се обидува да започне сопствена глумечка кариера. Поранешниот сопруг на Хана, Мики (го игра Ален) влегува во најкритичната фаза од својата хипохондрија, но овојпат можеби е навистина болен...
Наводи
уреди- ↑ Retrospektiva Woodyja Allena: Hannah i njezine sestre, američki film (пристапено на 19.12.2023)
- ↑ Антена, бр. 802, 8.11.2013, стр. 10.