Каменоломковидни
Каменоломковидни | |
---|---|
Saxifraga aizoides | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Нерангирано: | Скриеносемени |
Нерангирано: | Евдикоти |
Нерангирано: | Јадрени евдикоти |
Ред: | Каменоломковидни Dumortier |
Фамилии | |
во текстот. |
Каменоломковидните (науч. Saxifragales) е ред на скриеносемени растенија (Magnoliophyta).
Опис
уредиПред сè, фамилиите кои припаѓаат на овој ред ги зближуваат молекуларните и генетските одлики, но постојат и неколку морфолошки сличности.
Во овој ред се среќава голем вариетет на форми на раст, и тоа од едногодишни до перенијални тревести растенија, па сè до грмушки и дрвја. Некои видови се сочници. Два вида се паразити на корењата од други растенија. Има неколку водни растенија. Обично листовите се најизменични. Често присуствуваат прилисници, но нив ги нема кај фамилијата Crassulaceae.
Цветовите се најчесто петделни. Тие се јасно издвоени во венче и чашка. Плодните листови се првенствено слободни (на пример кај Crassulaceae), со тенденција за адхезија - ценокарпен јајчник (на пример кај Saxifragaceae). Најчесто јајчниците се полу- или целосно инфериорни. Поленовите зрна обично имаат стријатна површина.
Систематика
уредиРедот Saxifragales во рамките на еудикотите е сестринска група на розидите. Се состои од фамилиите:[1]
- Altingiaceae
- Aphanopetalaceae
- Cercidiphyllaceae
- Crassulaceae
- Daphniphyllaceae
- Grossulariaceae
- Haloragaceae
- Hamamelidaceae
- Iteaceae, во која е вметната Pterostemonaceae
- Paeoniaceae
- Penthoraceae
- Peridiscaceae, во која се вметнати Medusandraceae и Soyauxia
- Saxifragaceae
- Tetracarpaeaceae
Положбите на поединечните фамилии во овој ред се одредени од молекуларните генетски податоци. Овие фамилии претходно се вклучуваа во многу други редови бидејќи се разликуваат во својата морфологија, некои дури и премногу. На пример, фамилијата Saxifragaceae порано беше сместувана во редот Rosales. Родот Cynomorium, кој опфаќа паразитски растенија, сè уште го нема најдено вистинското систематско место. Во долниот кладограм како изолирани се јавуваат дрвенестите Peridiscaceae. Дрвенестите таксони Paeoniaceae, Altingiaceae, Hamamelidaceae, Cercidiphyllaceae, Daphniphyllaceae образуваат добро поддржан разгранок (клад). Фамилиите Crassulaceae, Aphanopetalaceae, Tetracarpaeaceae, Peridiscaceae, Haloragaceae исто така формираат добро поддржан клад. Pterostemonaceae и Iteaceae, како и Grossulariaceae и Saxifragaceae се сестрински групи, и заедно образуваат посебен разгранок.
Saxifragales |
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Наводи
уреди- ↑ Angiosperm Phylogeny Group: An update of the Angiosperm Phylogeny Group classification for the orders and families of flowering plants: APG III Botanical Journal of the Linnean Society, Band 161, 2009, S. 105-121.
Надворешни врски
уреди- Опис на Tree of Life Архивирано на 27 мај 2012 г. (англиски)
„Каменоломковидни“ на Ризницата ? |