Халил Султан
Халил Султан (чагатајски/персиски: خلیل سلطان) бил тимуридски владетел на Трансоксијана во периодот помеѓу 1405-1409 година. Тој бил син на Миран Шах и внук на Тамерлан. Тој е роден на 14 септември 1384 година во Херат. Бил школуван под будното око на Сарај-мулак ханам, омилена жена на Тамерлан. Веќе на возраст од 15 години се истакнал во индискиот поход. Во 1402 година, Тамерлан му ја доверил командата над источната граница. Во 1404 година, паднал во немилост кај Тамерлан поради својот брак со жена од ниско потекло. Подоцна му било опростено и требало да земе учество во кинескиот поход, меѓутоа поради смрта на Тамерлан не дошло до инвазија врз Кина. По смртта на Тамерлан во 1405 година, Халил себеси се гледал како негов наследник. Тој успеал да го отфрли Пир Мухамед и ја наметнал својата власт во Самарканд. Неговото владеење со поранешната престолнина на Тамерлан, завршила на 13 мај 1409 година, кога Шахрух влегол во Самарканд.