Футунски Острови (Futuna) или Хорнски Острови (Hoorn) e мала група на острови во Тихиот Океан, дел од француската територија Валис и Футуна. Вкупната површина на Футунските Острови е 115 км2 и според пописот од 2003 година имале население од 4.873 жители

Карта на Хорнските Острови.
Карта на Хорнските Острови.

Историја уреди

Островите биле именувани според градот Хорн во Холандија од морепловците Вилем Схаутен и Јакоб Ле Мер. Автохтоното име потекнува од футунскиот збор futu, кој е назив за растението Азијатска Барингтонија.

Географија уреди

Островите се составени од:

  • Футуна - северозападен остров со вкупна површина од 83 км2 и население од 4871 жители.
  • Алофи - југоисточен остров со вкупна површина од 32 км2 и население од 2 жители.

Поврзано уреди

14°16′57″S 178°08′59″W / 14.28250° ЈГШ; 178.14972° ЗГД / -14.28250; -178.14972