За истоимениот остров во Вануату, видете Футуна

Футуна (валиски, футунски и француски: Futuna) — остров во Тихиот Океан. Заедно со островот Алофи ги сочинуваат Хорнските Острови, кои пак се дел од француската територија Валис и Футуна.

Хорнските Острови, каде Футуна е северозападно.
Карта на Хорнските Острови.

Географија

уреди

Двата острова, Алофи и Футуна, се остароци од мртви вулкани, денес обиколени од корални гребени. Островот има вкупна површина од 83 км2. Според пописот од 2003 година, Футуна имала население од 4.871 жител. Островот е поделен на традиционалните кралства Ало и Сигаве. Ало има население од 2.991 жител и има површина од 30 км2. Сигаве имало население од 1.880 жители и површина од 53 км2. Највисока точка на островот е Маун Пуке со 524 метри.

Образование

уреди

На островот има шест основни училишта.[1] На островот има и две нижи средни (колеџи) и средно училиште (колеџ).[2]

Наводи

уреди
  1. "LIVRET D'ACCUEIL Wallis et Futuna Архивирано на 10 октомври 2017 г.." Wallis and Futuna. p. 22 (22/28). Посетено на September 14, 2016.
  2. "Cartographie des établissements du second degré." Wallis and Futuna. June 24, 2016. Посетено на September 14, 2016.

Литература

уреди

Поврзано

уреди

14°17′S 178°09′W / 14.283° ЈГШ; 178.150° ЗГД / -14.283; -178.150