Фуси (тестенини)
Фуси (исто така Фужи на словенечки и хрватски) - традиционална тестенина од регионот Истра, во Словенија и Хрватска.
Други имиња | Фужи |
---|---|
Вид | тестенини |
Регион или држава | Истра (Хрватска, Словенија) |
Создадена од | традиционално |
Cookbook: Фуси на Викикниги
|
Тестото за тестенини се расукува во тенок лист, се сече на ленти широки три до четири сантиметри и се ставаат една врз друга. Потоа лентите се сечат дијагонално, создавајќи форми на дијамант. Два краја на секој дијамант потоа се превиткуваат еден врз друг за да се сретнат во средината и се прицврстуваат заедно, правејќи го фусито да изгледа како машна.[1] Обично се служи со локална верзија на гулаш, благ црвен сос од телешко месо, кој обично се прави од кромид, паста од домати, бело вино и супа. Вообичаените варијации вклучуваат сос од петел или сос од дивеч, како што се сосовите од свиња или зајак.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Istria Fuzi Pasta (image)“. 4 April 2014. Посетено на 10 June 2016.