Фукоовото нишало или Нишалото на Фуко — едноставен уред именуван по францускиот физичар Леон Фуко и замислен како експеримент за демонстрација на Земјината ротација. Нишалото било создадено во 1851 година и бил првиот експеримент што дал едноставни и директни докази за ротацијата на Земјата. Нишалото на Фуко денес се употребува во популарни прикази во научните музеи и универзитети.[1]

Фукоовото нишало во Пантеон, Париз
Фукоовото нишало во COSI Columbus

Оригиналното нишало на Фуко

уреди

Првата јавна изложба на Фукоовото нишало се одржала во февруари 1851 година во Меридијанот од Париската опсерваторија. Неколку недели подоцна, Фуко го направил своето најпознато нишало, кога направил да виси 28-килограмски оловно обложен тег на нишалото со 67 метарска жица од куполата на Пантеон во Париз. Периодот на нишалото било   секунди. Бидејќи географската ширина на нејзината локација е   = 48° 52'N, рамнината на нишалото направила целосен круг за околу   = 31,8 часа (31 часа 50 минути), вртејќи се во насока на стрелките на часовникот приближно 11,3° на час.

Наводи

уреди
  1. Oprea, John (1995). „Geometry and the Foucault Pendulum“. Amer. Math. Monthly. 102 (6): 515–522. doi:10.2307/2974765. JSTOR 2974765. Архивирано од изворникот на 2 април 2015.