Фридрих Август II (Саксонија)

Фридрих Август II (германски: Friedrich August II; 18 мај 1797 - 9 август 1854) — крал на Саксонија од домот на Ветин.

Фридрих Август II
Портрет од Карл Кристијан Фогел фон Вогелштајн
Крал на Саксонија
На престол6 јуни 1836 - 9 август 1854
ПретходникАнтон
НаследникЈован
Роден(а)18 мај 1797
Дрезден, Изборно Кнежевство Саксонија
Починал(а)9 август 1854 (возр. 57)
Каростен, Австриско Царство
Почивалиште
СопружникМери Каролина од Австрија (в. 1819; п. 1832)
Марија Ана од Баварија (в. 1833)
Полно име
македонски: Фридрих Август Албрехт Марија Клеменс Џозеф Винченц Алојс Непомук Јохан Баптиста Николаус Рафаел Петер Ксавер Франц де Паула Венантиус Феликс
германски: Friedrich August Albrecht Maria Clemens Joseph Vincenz Aloys Nepomuk Johann Baptista Nikolaus Raphael Peter Xaver Franz de Paula Venantius Felix
ДинастијаДинастија Ветин
ТаткоМаксимилијан, принц од Саксонија
МајкаКаролина од Бурбон, принцеза од Парма
ВероисповедРимокатоличка црква

Тој бил најстариот син на Максимилијан, принцот од Саксонија - помладиот син на кнезот избирач Фридрих Кристијан од Саксонија - од неговата прва сопруга, Каролина од Бурбон, принцезата од Парма.

Животопис

уреди

Рани години

уреди

Од неговото раѓање било јасно дека еден ден Фридрих Август ќе стане владетел на Саксонија. Неговиот татко бил единствениот син на кнезот избирач Фридрих Кристијан од Саксонија кој немал живи машки потомци. Кога починал кралот Фридрих Август I (1827), а Антон го наследил како крал, Фридрих Август станал втор во редот на престолот, а пред него бил само неговиот татко Максимилијан. Меѓутоа, тој не учествувал во управувањето на земјата.[1]

Тој бил офицер во Војната на Шестата коалиција, но имал мал интерес за воени работи.

Регент на Кралството

уреди

Јулската револуција од 1830 година во Франција го означил почетокот на немирите во Саксонија таа есен. Народот барал промена на уставот и млад регент на кралството кој би ја делел власта со кралот Антон. На 1 септември, принцот Максимилијан се откажал од своите права на наследување во корист на неговиот син Фридрих Август, кој бил прогласен за принц-ко-регент (германски: Prinz-Mitregenten). На 2 февруари 1832 година Фридрих Август донел слободна автономија на градовите. А со указот од 17 март истата година, земјоделците биле ослободени од Кулук (присилна работа, работна обврска на селаните кон феудалниот господар). Неговата популарност и либералните реформи брзо ставиле крај на незадоволството.[1]

Крал на Саксонија

уреди

На 6 јуни 1836 година, кралот Антон починал, а Фридрих Август го наследил. Како интелигентен човек, тој брзо станал популарен меѓу луѓето како што бил уште од времето на неговото регентство. Новиот крал ги решавал политичките прашања само од чисто чувство на должност. Најчесто тој ги оставал овие работи во рацете на неговите министри.

Стандардизирана јурисдикција за Саксонија го создала Кривичниот законик од 1836 година. За време на револуционерните немири од 1848 година (Мартската револуција), тој назначил либерални министри во владата, ја укинал цензурата и го вовел либералниот изборен закон. Подоцна неговиот став се променил. На 28 април Фридрих Август II го распуштил парламентот, а во 1849 година бил принуден да побегне во тврдината Кенигштајн. Мајското востание било задушено од саксонските и пруските трупи, а Фридрих можел да се врати по само неколку дена.

Оттогаш, неговото владеење било спокојно и просперитетно. Подоцна, грофот Беуст, водач на австриската и феудалната партија во Саксонија, станал негов главен министер и ја водел неговата политика во повеќето прилики.[1]

Смрт

уреди

За време на патување во Тирол, тој доживеал несреќа во Бренбихел во која паднал пред коњ кој му згазнал на главата. На 8 август 1854 година, тој починал во Гастоф Нојнер. Тој бил погребан на 16 август во Хофкирхе во Дрезден. Во негово сеќавање, кралицата Марија организирала да се воспостави кралска капела (Königskapelle) на местото на несреќата, која била осветена една година подоцна, а некои од последните членови на саксонското кралско семејство, вклучително и Марија Емануел, Маркгрофот од Мајсен се погребани покрај капелата.

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Hashagen, Justus (1911). "Frederick Augustus II.". In Chisholm, Hugh (ed.). Encyclopædia Britannica. Vol. 11 (11th ed.). Cambridge University Press. p. 61.