Фридманово правило

Фридмановото правило — правило на монетарната политика воведено од страна на Милтон Фридман,[1] според кое номиналната каматна стапка треба да биде одредена да изнесува нула. Според логиката на ова правило, опортунитетниот трошок од поседување на парите со којшто се соочуваат лицата треба да биде еднаков на општествениот трошок од создавањето на дополнителни декретни пари. Се претпоставува дека маргиналниот трошок од создавањето на дополнителни пари е еднаков или приближно еднаков на нула. Поради тоа, номиналните каматни стапки треба да бидат еднакви на нула. Во пракса, ова значи дека централната банка треба да бара стапка на дефлација којашто е еднаква на реалната каматна стапка на државните обврзници и другите безризични финансиски инструменти за да може износот на номиналната каматна стапка да биде одреден да изнесува нула. Последица на оваа политика е тоа што оние кои ги поседуваат парите не претрпуваат загуба во вредноста на парите од инфлација.

Аргумент

уреди

Маргиналната корисност од поседувањето на дополнително количество пари е намалувањето на трансакциските трошоци претстравени преку трошоците поврзани со набавката на потрошувачки добра. При позитивни номинални каматни стапки, луѓето се однесуваат на начин на којшто маргиналната корисност (општествена и прватна) ја изедначуваат со маргиналниот приватен трошок, т.е. номиналната каматна стапка. Но, ова не е општествено оптимално, бидејќи државата може без никакви трошоци да создаде пари сè додека не го постигне посакуваното ниво на понуда. Општествениот оптимум се јавува кога номиналната каматна стапка изнесува нула или стапката на дефлација е еднаква на реалната каматна стапка, така што маргиналната општествена корисност и маргионалниот општествен трошок од поседувањето пари се еднакви на нула. На тој начин, Фридмановото правило е замислено да ја отстрани неефикасноста и со тоа да ги зголеми средствата за производство.

Примена во економската теорија

уреди

Фридмановото правило се покажало дека во многу економски модели на парите е монетарна политика за максимизирање на благосостојбата. Исто така, се покажало дека правилото е оптимално во монетарните економии со монополистичка конкуренција (пр. Ирска во 1996) и во монетарните економии во коишто државата наметнува нарушувачки даноци.[2][3][4][5] Сепак, постојат неколку познати случаи во коишто отстапувањето од Фридмановото правило е оптимално. Тие вклучуваат: економии со опаѓачки приноси од обем; економии со несовршена конкуренција, каде што државата ниту ја оданочува добивката на монополите ниту наметнува данок што е еднаков на данокот на доход на трудот; економии со даночна евазија; економии со номинална ригидност на цените и економии со надолна номинална ригидност на платите.[6] Кога обично отстапувањата од Фридмановото правило се мали, ако постои значителна странска побарувачка за националната парична единица (пр. во САД), тогаш оптималната стапка на инфлација значително отстапува од она коешто се бара со Фридмановото правило со цел да се остварат приходи од сињораж од странски државјани.[6] Во САД, каде што повеќе од една половина од американските долари се поседувани надвор од земјата, оптималната стапка на инфлација е пронајдено дека се движи некаде меѓу 2 и 10%, при што со Фридмановото правило би се барала дефлација од скоро 4%.[6]

Скорешните резултати од истражувањата исто така покажале дека со цел да се постигне целта на Фридмановото правило, односно да се намали опортунитетниот трошок и монетарните судири поврзани со парите, не мора да се бара номиналните каматни стапки да биде одредено да изнесуваат нула.[7] Кога се земаат предвид ефектите од финансиските посредници и кредитните опсези, оптималната благосостојба со Фридмановото правило може да биде постигната преку отстранување на разликата меѓу номиналната каматна стапка и каматната стапка којашто се плаќа на резервите за да се обезбеди дека стапките се еднакви цело време.[7]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. M. Friedman (1969), The Optimum Quantity of Money, Macmillan.
  2. Chari, V.V.; Christiano, Lawrence; Kehoe, Patrick (1996), „Optimality of the Friedman rule in economies with distorting taxes“, Journal of Monetary Economics, 37: 203–223, doi:10.1016/0304-3932(96)01252-4
  3. Williamson, Stephen (1996), „Sequential markets and the suboptimality of the Friedman rule“, Journal of Monetary Economics, 37: 549–572, doi:10.1016/0304-3932(96)01259-7
  4. Gahvari, Firouz (2007), „The Friedman rule: Old and new“, Journal of Monetary Economics, 54: 581–589, doi:10.1016/j.jmoneco.2006.06.008
  5. Ireland, Peter (2003), „Implementing the Friedman Rule“, Review of Economic Dynamics, 6: 120–134, doi:10.1016/s1094-2025(02)00011-x
  6. 6,0 6,1 6,2 Schmitt-Grohe, Stephanie; Uribe, Martin (2010), „The Optimal Rate of Inflation“, Handbook of Monetary Economics, 3
  7. 7,0 7,1 Curdi, Vasco; Woodford, Michael (2010), „The Central-Bank Balance Sheet as an Instrument of Monetary Policy“, NBER Working Paper 16208