Френк Лојд
Френк Вилијам Џорџ Лојд (2 февруари 1886 – 10 август 1960) — филмски режисер, сценарист и продуцент. Тој бил еден од основачите на Академијата за филмски уметности и науки,[2] и бил нејзин претседател во периодот 1934-35.
Френк Лојд | |
---|---|
Роден(а) | Френк Вилијам Џорџ Лојд [1] 2 февруари 1886 Глазгов, Шкотска, ОК |
Починал(а) | 10 август 1960 Санта Моника, Калифорнија, САД | (возр. 74)
Занимање |
|
Активен период | 1915-1955 |
Лојд е роден во Глазгов, Шкотска. Неговата мајка Џејн била шкотланѓанка а неговиот татко Едмунд бил велшанец.[1] Тој е првиот шкот во историјата кој добил Оскар. Лојд бил награден со Оскар за најдобар режисер на второто доделување на наградите за неговата работа на немиот филм Божествената дама, а на истото доделување бил номиниран и уште двапати за филмовите Уморна река и Тежина. Тој повторно го добил Оскарот во 1933 година за филмот Кавалкада и добил уште една номинација за Оскар за најдобар режисер за веројатно неговиот најуспешен филм, Побуна на бродот Баунти.
На 8 февруари 1960 година, Лојд добил своја ѕвезда на Холивудската патека на славните за неговиот особен придонес кон филмската индустрија.[3][4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 [1]
- ↑ Pawlak, Debra. „The Story of the First Academy Awards“. The Mediadrome. Архивирано од изворникот на 2005-03-15. Посетено на 23 April 2007.
- ↑ „Frank Lloyd | Hollywood Walk of Fame“. www.walkoffame.com. Посетено на 2016-06-27.
- ↑ „Frank Lloyd“. latimes.com. Посетено на 2016-06-27.
Надворешни врски
уреди- Френк Лојд на Ризницата
- Френк Лојд на Семрежната филмска база на податоци (англиски)