Франка Раjмонди
Франка Раjмонди (италијански: Franca Raimondi; 8 јули 1932 - 22 април 1990) ― италијанска пејачка.
Франка Раjмонди | |
---|---|
Рајмонди на Фестивалот Санремо 1956 | |
Животописни податоци | |
Роден(а) | 8 јули 1932 Монополи, Бари, Италија |
Починал(а) | 22 април 1990[1] Монополи, Бари, Италија |
Занимања | Пејачка |
Животопис
уредиРодена во Монополи, покраина Бари, Апулија, Рајмонди студирала оперско пеење и странски јазици.[2] Во 1956 година, Рајмонди била меѓу победниците на натпреварот за нови гласови на RAI и добила шанса да настапи на изданието на Музичкиот фестивал Санремо во 1956 година, кое на крајот го освоила со песната „Aprite le finestre“.[2] Истата година таа ја претставувала Италија на првата Евровизија со истата песна,[2] заедно со Тонина Ториели со „Amami se vuoi“.
Помеѓу 1956 и 1958 година Рајмонди била водечки вокал во оркестарот „Џан Стелари“.[2] Во 1960 година се пријавила да се натпреварува на Фестивалот „Наполи“ со „Canzone all'antica“ („Песна во стар стил“).[2] Во подоцнежните години таа ги забавила своите активности, насочувајќи си ја својата кариера на настапи во живо.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Franca Raimondi's Facebook account (29 октомври 2021). "La lapide in ricordo di Franca Raimondi in Monopoli". Соопштение за печат.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Eddy Anselmi (2009). „Franca Raimondi“. Festival di Sanremo: almanacco illustrato della canzone italiana (италијански). Panini Comics. ISBN 8863462291.
Надворешни врски
уреди- Франка Раjмонди на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
Претходник нема |
Италија на Евровизија 1956 (со Тонина Ториели) |
Наследник Нунцјо Гало со Corde della mia chitarra |