Фразални глаголи во италијанскиот јазик
Фразалните глаголи се практично глаголи кои, проследени од предлог или прилог, се здобиваат со ново значење; во минатото се употребувале исклучиво во говорниот јазик; денес, преку печатот и телевизијата, нивната употреба е проширена и на писмената форма од јазикот која, меѓутоа, има поформална интонација.
Постојат фразални глаголи кои го задржуваат основното значење на глаголот, а прилогот кој е по нив додава само едно дообјаснување (најчесто во однос на местото), на пример: mettere con, metter(e) su, giù, sopra, sotto, dentro, fuori.
Исто така треба да се напомене дека позицијата на прилогот може да биде непосредно по глаголот (Меtti su la valigia) или пак да биде одделен од него со некој додаток (Меtti la valigia su).
Во италијанскиот јазик, најчести фразални глаголи се следниве:
andare |
Il prezzo di questo appartamento deve andare giù (diminuire) ancora. |
Ci preoccupa vedere i prezzi andare su (crescere). |
Il mio bilancio sta per andare sotto (essere in passivo). |
Si è sfogata, ma è riuscita a non andare oltre (esagerare). |
buttare |
Non voglio buttare via (sprecare) inutilmente il denaro. |
Ragazzi, non dovete buttarvi giù (abbattervi) per un voto negativo. |
Devo buttar giù (scrivere in fretta) due righe per gli sposi. |
Stiamo arrivando, butta giù (metti nell'acqua bollente) la pasta. |
mettere |
Vado a metter su (preparare) il caffè. |
Dobbiamo metter via (riporre) tutta la nostra roba. |
Fa fresco, bisogna metter su (indossare) una giacca. |
Voglio mettere via (risparmiare) soldi per fare un viaggio in Africa. |
stare |
Devi stare su col morale (tenere alto il morale). |
Anna ormai sta con (ha un rapporto d'amore con) Lorenzo. |
Bisogna stare ai patti (mantenerli). |
Sta in (spetta a) me prendere una decisione. |
Извори
уреди- Grammatica italiana Zanichelli
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Табели со конјугации на италијанските глаголи
- La grammatica italiana
- Италијански јазик и друга лингвистика[мртва врска]
- One Word Italiano - Мрежно место за учење на италијански јазик
- Наставни материјали за учење на италијански јазик
- Мрежно место за интерактивно учење на италијански јазик[мртва врска]
- Основен интерактивен курс по италијански јазик на РАИ Архивирано на 2 септември 2008 г.