Фосфобелковина
(Пренасочено од Фосфопротеин)
Фосфобелковините (фосфопротеини) се сложени белковини чија простетична група е ортофосфорната киселина, која е естерски врзана за алкохолната група на аминокиселината серин.
Типичен претставник на фосфобелковините е казеинот од млекото. По пат на електрофореза, казеинот се раздвојува на три фракции: α, β и γ казеин. Сите тие содржат околу 0,8 % фосфор. Се разликуваат по молекулската маса, која тешко се одредува бидејќи многу лесно образува поголеми агрегати, така што се добиваат вредности од 24.000 д0 400.000. Казеините се разликуваат и по процентот на фософор.
Фосфобелковините ги има во поголема количина и во жолчката од јајцето. Најпознат е вителинот кој содржи 10 % фосфор.