Фосфатни минерали
Фосфатни минерали — минерали кои во својата структура го содржат тетраедарски координираниот фосфатен (PO43−) анјон, понекогаш заедно со арсенатни (AsO43−) и ванадатни (VO43−) замени, и хлоридни (Cl−), флуоридни (F−) и хидроксидни (OH−) анјони кои исто така се вклопуваат во кристалната структура.
Фосфатната класа на минерали е голема и разновидна група, но само неколку видови се среќават релативно често.
Примена
уредиФосфатната карпа (фосфоритот) има висока концентрација на фосфатни минерали, најчесто од апатитната група. Таа е главен извор за производство на фосфатни ѓубрива за земјоделството. Фосфатот се користи и во додатоците на крмата за животните, во конзервансите, средствата против корозија, во козметиката, фунгицидите, керамиката, прочистувањето на водата и во металургијата. Најголеми количини се користат за ѓубрива.
Примери
уредиФосфатните минерали се:
- Трифилит Li(Fe,Mn)PO4
- Монацит (La, Y, Nd, Sm, Gd, Ce,Th)PO4 ,rare earth metals
- Хинсдалит PbAl3(PO4)(SO4)(OH)6
- Пироморфит Pb5(PO4)3Cl
- Еритрит Co3(AsO4)2·8H2O
- Амблигонит LiAlPO4F
- Лазулит (Mg,Fe)Al2(PO4)2(OH)2
- Вавелит Al3(PO4)2(OH)3·5H2O
- Тиркиз CuAl6(PO4)4(OH)8·5H2O
- Отенит Ca(UO2)2(PO4)2·10-12H2O
- Фосфофилит Zn2(Fe,Mn)(PO4)2•4H2O
- Струвит (NH4)MgPO4·6H2O
- Ксенотим-Y Y(PO4)
- Апатитна група Ca5(PO4)3(F,Cl,OH)
- Хидроксилапатит Ca5(PO4)3OH
- Флуорапатит Ca5(PO4)3F
- Хлорапатит Ca5(PO4)3Cl
- Бромапатит
- Митридатитна група:
- Арсениосидеритно-митридатитна низа (Ca2(Fe3+)3[(O)2|(AsO4)3]·3H2O -- Ca2(Fe3+)3[(O)2|(PO4)3]·3H2O)[1]
- Арсениосидеритно-робертситна низа (Ca2(Fe3+)3[(O)2|(AsO4)3]·3H2O -- Ca3(Mn3+)4[(OH)3|(PO4)2]2·3H2O)[2]
Наводи
уредиЛитература
уреди- Hurlbut, Cornelius S.; Klein, Cornelis, 1985, Manual of Mineralogy, 20th ed., John Wiley and Sons, New York ISBN 0-471-80580-7
- Stuart J. Mills; Frédéric Hatert; Ernest H. Nickel; Giovanni Ferraris (2009). „The standardisation of mineral group hierarchies: application to recent nomenclature proposals“ (PDF). Eur. J. Mineral. 21 (5): 1073–1080. Bibcode:2009EJMin..21.1073M. doi:10.1127/0935-1221/2009/0021-1994. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-02-17. Посетено на 2023-01-13. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - Ernest H. Nickel; Monte C. Nichols (март 2009). „IMA-CNMNC List of Mineral Names“. IMA-CNMNC. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-06-26. Посетено на 2023-01-13. Занемарен непознатиот параметар
|name-list-style=
(help) - Ferraiolo, Jim. „Nickel–Strunz (Version 10) Classification System“. webmineral.com.
- Webmineral - Dana
- - Australian Mineral Atlas