Фортуна (сказна на браќата Грим)

„Фортуна“ (германски: Frau Holle) — сказна на браќата Грим, првпат објавена во нивната збирка со сказни од 1812 година, под реден број 24.

Илустрација на Ото Кубел

Содржина

уреди

Некоја жена имала една родена и една посвоена ќерка. Нејзината биолошка ќерка била мрзелива, додека посвоената била принудена да работи по цел ден. Еднаш, посвоената ќерка го испуштила вретеното во кладенецот, а маќеата ѝ наредила да го најде. Така, девојката се вратила кај кладенецот и се фрлила во водата, по што веднаш се онесвестила. Кога ѝ се вратила свеста, таа видела дека се наоѓа на една убава ливада. Најпрвин, видела печка во која се печеле лепчиња, кои ја замолиле да ги извади од печката за да не изгорат. Потоа, таа наишла на јаболкница која ја замолила да ги собере плодовите кои веќе биле зрели. Најпосле, девојата пристигнала до една куќа во која живеела старицата која го правела снегот. Девојката останала да живее со старицата на која ѝ помагала во работата. Кога ја зафатила носталгија, девојката посакала да си оди дома, а кога поминала низ вратата, наеднаш целата била облеана со злато. Таа пристигнала дома, а маќеата посакала и нејзината вистинска ќерка да добие толкаво богатство. Поради тоа, и нејзината ќерка скокнала во водата, и таа се онесвестила, а потоа се нашла на истата ливада. Меѓутоа, таа одбила да ги извади лепчињата од печката и да ги набере јаболката. Најпосле, и таа пристигнала кај старицата, но се покажала како мрзелива, па старицата ја набркала од куќата. Кога девојката поминала низ вратата, таа била облеана со катран и во таква состојба се вратила дома.[1]

Изданија на македонски јазик

уреди
  • „Фортуна“, во: Браќа Грим, Сказни. Наша книга, Скопје, 1972.

Наводи

уреди
  1. Браќа Грим, Сказни. Наша книга, Скопје, 1972, стр. 17-20.