Фортуна (божица)

(Пренасочено од Фортуна)

Фортуна (латински: Fortuna; грчки: Tykhe) божица на среќата и успехот, една од најпочитаните богови од Римјаните и Италјанците. Се сметало дека од неа зависат како народот така и другите богови. Изедначена е со грчката божица Тиха.

Фортуна Албрехт Дирер, 1502 година
Фортуна, Виена

Фортуна била најнепостојана од сите божици, а била позната по тоа што своите дарови ги давала непланирано. Ја сметале и за божица на судбината.[1] Римјаните не бирајќи средства се бореле да ја стекнат нејзината наклоност, и затоа за неа граделе голем број на храмови и споменици. Многумина ја почитувале, бидејќи ги штитела и мажите и жените и децата.

Фортуна била позната и како:

  • Фортуна Патриција - Заштитничка на богатите
  • Фортуна Екуестри - Заштитничка на јавачите
  • Фортуна Плебеја - Заштитничка на народот

Како и грчката божица Тиха, така и за Фортуна се смета дека е ќерка на титанот Океан, а во некои градови ја почитувале и како првородена ќерка на Јупитер.

Култот кон Фортуна

уреди

Според легендата, култот кон Фортуна во Рим го вовел Сервиј Тулиј кој, благодарение на неа, од роб стигнал до кралска позиција.

Наводи

уреди
  1. Marguerite Kretschmer, "Atrox Fortuna" The Classical Journal 22.4 (January 1927), 267 - 275.