Формаџио ди Фоса
Земја на потеклоИталија
ОбластЕмилија-Ромања, Марче
ГрадСоглиано ал Рубиконе
Млеко одКрава, овца, или мешавина од двете
Узревање30 дена пред да се стави во јама („фоса“), плус 80-100 дена во фосата, плус 3 месеци по отстранувањето од фосата
УверениеПДО
Сирењето е закопано во „фоса“ или јама, како онаа прикажана овде.

Формаџо ди Фоса (сирење од јама на италијански) е сирење од Сољано ал Рубиконе во регионот Емилија-Ромања во Италија. Името на сирењето, што буквално значи „сирење од јамата“, е изведено од процесот на зреење на сирењето во специјални јами ископани во карпа од туф. Сирењето моментално се произведува во областите помеѓу долините на реката Рубикон и Марекија. Во 2009 година, на формаџио ди фоса му бил доделен статус на италијански еквивалент на заштитена ознака на потекло.[1]

Процес на производство

уреди

Сирењето Фоса се прави со овчо, кравјо млеко или мешавина од двете. Сирењето обично созрева околу 30 дена пред да се стави во „фоса“, јама ископана во земјата и обложена со слама. Јамата се подготвува со согорување на слама внатре за да се отстрани влагата и да се стерилизира просторот. Сирењето се завиткува во платнени кеси и се става во јамата, која потоа целосно се затвора додека сирењето созрева дополнителни 80 до 100 дена. Запечатувањето на јамата го ограничува кислородот достапен за сирењето, овозможувајќи процес на анаеробна ферментација. Откако ќе се извади од јамата, сирењето се остава да созрее уште три месеци. Техниката на правење формаџио ди фоса датира од 15 век.[2][3]

 
Формаџио ди Фоса се произведува во провинцијата Форли-Чезена во Италија

Наводи

уреди
  1. Agraria.org
  2. „Province of Forlì Cesena Official Website“. Архивирано од изворникот на 2014-03-09. Посетено на 2012-06-12.
  3. „Accademia Barilla“. Архивирано од изворникот на 2011-02-02. Посетено на 2012-06-12.