Фондација Карнеги за меѓународен мир

Фондација Карнеги за меѓународен мир (CEIP) е меѓународен аналитички центар со центри во Вашингтон, Москва, Бејрут, Пекинг, Брисел, и Њу Делхи.[1] Организацијата себе се промовира како посветена на подобрување на соработката меѓу нациите преку активно меѓународно учество на САД. Основана е во 1910 година од страна на Ендрју Карнеги. Дејствувањето на оваа организација не се поврзува со ниедна политичка партија.

Балканските војни според Карнегиевата фондација

уреди

Нестабилноста на Балканскиот Полуостров кулминирало со Првата балканска војна во 1912 година. Мировните движења, кои со години ги симпатизирале борбите на балканските Словени за ослободување од османлиското владеење, сметале дека треба да се прекинат непријателстата и споровите да се решат по мирен пат во согласност со меѓународното право. Меѓутоа, во Втората балканска војна, кога веќе Османлиска Турција не била главна страна во непријателствата, доаѓале извештаи за крајно дивјаштво во борбите што ја обележувале и Првата и за многубројните злосторства над цивилното население кои биле главна одлика во Втората балканска војна, односно на територијата на Македонија. Тоа била причина за решението на Карнегиевата фондација, донесена веднаш по избувнувањето на Втората балканска војна, да состави престижно маѓународна комисија и да ја задолжи со задача да ги востанови фактите и да му даде на западното мислењен јасна и сигурна слика за она што се случува во погодениот регион. Карнегиевата комисија се состоелаод 8 членови, по еден од САД, Германија, Австроунгарија и Русија и по двајца од Франција и Велика Британија, и тоа:[2]

  1. Д-р Јозеф Редлих, професор по јавно право на Универзитетот во Виена;
  2. Валтер Шекинг, професоор по право на Универзитетот во Марбург;
  3. професор Павел Милјуков, член на руската Дума;
  4. Д-р Семијуел Т. Датон, професор во Учителскиот колеџ на Универзитетот Колумбија;
  5. Френсис В. Хирст, уредник на Економист;
  6. Д-р Х. Н. Брејлсфорд, новинар;
  7. Барон д'Естунел де Констан, сенатор и
  8. Г. Жистен Годар, правник и член на Собранието на Франција.

Претседател на комисијата бил де Констан кој ја претставувал Франција на двете хашки деловни конференции во 1899 и 1907 година и бил добитник на Нобеловата награда за мир во 1909 година.

Наводи

уреди
  1. „About the Global Think Tank“. Carnegie Endowment for International Peace. Посетено на 2016-04-04.
  2. Ванче Стојчев, Александар Стојчев: Букурешкиот мировен договор и поделбата на Македонија во 1913 година, ИНИ, Скопје 2013, стр.315-316.